МАКЕДОНИЈА ДА ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО ВО СКОПЈЕ: Грција не прифаќа решние за името во кое ќе стои зборот „Македонија“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ништо од тактиката на шарм на министерот за надворешни работи Никола Димитров кон Грција, откако денес лидерот на „Независни Грци“ Панос Каменос, инаку дел од владеачката коалиција, јасно стави до знаење дека не постојат теоретски шанси тој да поддржи било каков предлог за промена на името на Р.Македонија, кое ќе го вклучува зборот „Македонија“

 

„Географска одредница од типот на Северна Македонија или Горна Македонија нема шанси да прифатам. Тоа е јасно. Мислам дека нема нешто што не е појасно од ова. Господинот Коѕиас е министер за надворешни работи и преговара. Почекајте да ги видите преговорите. Истото го зборевме и за кипарското прашање“ – рече Каменос уаптувајќи позитивни зборови за шефот на грчката дипломатија, велејќи дека се додека е министер за надворешни работи, тој и неговата партија спијат мирно – пренесува Канал 5 телевизија.

Според Каменос, не постои шанса Македонија да се интегрира во НАТО се додека името не биде потполно сменето, а зборот Македонија целосно избришан од називот на државата.

Според информациите кои минатиот месец ги објави „Спутник“, ваквиот предлог на Грција најверојатно ќе биде прифатен од страна на владата на Заев, откако за оваа идеја се разговарало на Самитот на Јадранската повелба, во тет-а-тет средба помеѓу Заев и потпреседателот на САД Мајкл Пенс.

Дека вакво „решение“ е можност докажува и фактот што Димитров и Заев без никакви задршки го потпишаа договорот за „добрососедство“ со Бугарија, со кој практично се менува Македонската историја и тоа според стандардите на бугарските националисти, со што постепено започнува и процесот на бришење на Македонскиот идентитет.

 

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This