МАКЕДОНИЈА Е ИЗВОЗНО ОРИЕНТИРАНА: Во 2014 владата на ВМРО-ДПМНЕ успеа да оствари извоз од 800 милиони евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директната комуникација со земјоделците е најважна во носење правилни мерки, дали станува збор за законски решенија или подзаконски акти, кои што ќе значат сигурен пласман и производство на земјоделскиот производ, кажа Цветан Трипуновски директор на Државниот инспекторат за земјоделство на панел дискусијата на партијата „Единствени кои што се вистински партнер на земјоделците“.

-Ние со нашето доаѓање сфативме дека таа комуникација, директна комуникација со земјоделците, значи носење на правилни мерки, дали се тоа законски решенија или се подзаконски акти, кои што ќе значат сигурен пласман и производство на земјоделскиот производ. Имаме многу примери од таа комуникација во текот на минативе 10 години, каде што практично и многу од проблемите со кои се соочуваат земјоделците можеме да ги предвидиме и превенираме со самото тоа што ќе носиме соодветни законски решенија. Само еден пример, во делот каде што спомнавте за рапсределбата на земјоделското земјиште, кое што знаеме во минатото го имаа многу мал број на земјоделски стопанства, меѓутоа со онаа политика која што ја водеше ВМРО-ДПМНЕ, практично секое земјоделско стопанство, кое што сака да се занимава со земјоделско производство, да добие одредена парцела, која што ќе ја намени за одреден тип на производство, изјави Трипуновски.

Тој напомена и дека се нашле во ситуација каде што некои лица на краток рок го имале земјиштето, каде што дошло до инвестиции во тој расад, а треба да го отстапат. Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ и владата тогаш нашле сенс да ги објават тие т.н. јавни повици, каде што сите тие корисници на тоа земјиште ќе може да го трансформираат и да го работат согласно културата која ја имаат засадено.

-Во одреден временски период Македонија беше увозно зависна, меѓутоа со сите оние сет-мерки кои што ги носеше ВМРО-ДПМНЕ во делот на подобрување на земјоделското производство да во 2014 година, согласно статистиката, да имаме извоз во вредност од 800 милиони евра. Со сет на мерки се доведе да македонскиот земјоделец произведе квалитетен земјоделски производ, кој што преку сет на мерки со учество на разни саемски манифестации, каде што Македонија беше со свој штад директно застапена, да ги промовираме тие земјоделски производи и да ги пласираме и отвараме нови пазари, кои што ќе значат директна продажба, изјави Трипуновски.

Трипуновски потенцираше дека многу пати во комуникацијата многу пати учествувале како посредници меѓу земјоделците и откупувачите, без разлика дали во странство или на домашниот пазар.

-Сметам дека директната комуникација со земјоделците е неминовна бидејќи само на тој начин можеме да ги слушнеме нивните проблеми, нивните идеи и нивните сугестии, кои што ќе значат одредена законска измена или измена во програмите за финансиска поддршка, кажа Трипуновски.

Трипуновски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ целосно го следеле процесот на производство, откуп и дистрибуција на производите.

-Она што беше политика на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2006 до 2016 година, е тоа да постојано се привлекуваат нови компании кои што ќе вршат откуп на земјоделските производи бидејќи само на тој начин ќе може да го пласираме оној квалитететен земјоделски производ, кој што го произведуваме во Република Македонија, изјави Трипуновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This