МАКЕДОНИЈА КАКО АФРИКАНСКАТА ЗЕМЈА СВАЗИЛЕНД: Ќе бидеме ли втора земја во светот што годинава ќе го промени името?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе биде ли Македонија втората земја во светот што годинава ќе го промени своето име?! Пиедесталот „го загубивме“ откако нè претрка Кралот на Свазиленд, Мсвати Трети кој одлучи да ја „прекрсти“ својата земја во еСватини (eSwatini), во превод „земја на Сватите”. Свазиленд е лоцирана помеѓу Мозамбик и Јужна Африка, а годинава одбележа 50 години од независноста од Лондон, пишува Република.мк.

-Сакам да најавам дека Свазиленд ќе го врати своето оригинално име. После независноста, сите африкански земји ги вратија некогашните имиња, оние од пред колонијализацијата. Свазиленд е единствената земја која го зачува називот од ерата на колонијализмот,изјави Мсвати Трети.

Свазиленд е последната африканска монархија со неограничени права на шефот на државата. Кралот Мсвати Трети кој е на власт е од 1986 година, постојано е критикуван од страна на меѓународната заедница поради луксузниот живот, додека народот живее во сиромаштија, како и поради кршење на човековите права.

Кралот има 15 жени и 23 деца, a првите две сопруги ги избрале националните советници. Тој, според традицијата може да се ожени со своите свршенички само откако ќе забременат, поради обезбедување на неопходниот доказ дека тие можат да носат наследници. Свазиленд е една од најсиромашните африкански држави.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This