МАКЕДОНИЈА НА ГОЛЕМА ВРАТА ВО РУСИЈА: Отворен првиот претставнички центар на Македонското стопанство во Москва!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гоце Карајанов, амабасадор на Република Македонија во Руската Федерација, посебно нагласи дека се надева дека со „отварањето на овој постојан претставнички центар на македонското стопанство во Руската Федерација ќе се зголеми пласманот на македонските производи на рускиот пазар”.
makedonija-rusija

Во огромниот деловен центар кој е сопственост на најголемиот руски агро­кластер „Фуд сити” на свечен начин беше пуштен во употреба „Македонскиот изложбено­трговски дом”.

На свеченото отварањеприсуствуваа бројни бизнисмени од главниот град на Руската Федерација, челните луѓе на Московската стопанска комора, на Евроазискиот деловен сојуз и на „Фуд сити” со нивните соработници, претставници на државни институции, на национални деловни центри од разни земји од светот и од руските региони стационирани во овој комплекс, како и бизнис ­ делегација од Република Македонија составена од компании кои први ги изложуваат своите производи во Москва.

Македонскиот национален павилјон ќе биде целосно во функција на зголемување на пласманот на македонските производи на рускиот пазар и ќе им пружа на компаниите комерцијална, правна, царинска и секаква друга помош. Македонска­ руската стопанскакомора, која веќе 12 години делува под мотото дека е „мост за стопанско поврзување на двете земје”, дефинитивно го изгради тој мост.

Македонските стопанственици сега преку „Македонскиот трговско ­изложбен центар” прејдоа на рускиот пазар и македонската храна и пијалаци многу полесно ќе може да се најдат на трпезите на руските граѓани, ­ истакна Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонска ­рускататас топанска комора на свеченото отварање.

Н.Е. Гоце Карајанов, амабасадор на Република Македонија во Руската Федерација, посебно нагласи дека се надева дека со „отварањето на овој постојан претставнички центар на македонското стопанство во Руската Федерација ќе се зголеми пласманот на македонските производи на рускиот пазар”.

Уште при презентација на Центарот пред еден месец во Република Македонија ме пленија македонските луѓе и квалитетот на македонските производи.Затоа сум сигурен дека тие ќе најдат место на рафтовите во руските маркети и трговски центри, но дека ќе дојдат и до купувачи и во останатите земји од Евроазиската унија, ­ подвлече Виктор Тузарович Камболов, директор на Евроазискиот деловен сојуз.

Веднаш по свеченото отварање на „Македонскиот изложбено ­трговски дом” видлив беше интересот на руските бизнисмени за македонското вино и други жестоки пијалоци, сирење и кашкавал, кондиторски производи, тестенини, конзервиран и сушен зеленчук и овошје, чаеви и други производи „made in Маcedonia.

Значајно е што „Македонскиот изложбено­ трговски дом” во Москва е отворен и за други компании од Република Македонија кои се заинтересирани за пласман на своите производи на големиот руски пазар. Македонската бизнис ­ делегација имаше и свечен прием и во Московската стопанска комора.Притоа, тие присуствуваа на потпишување на Меморандум за соработка меѓу Московската стопанска комора и Македонска­ руската стопанска комора и Македонскиот изложбено ­ трговски дом.

Под овој документ за соработка своите потписи ги ставија Владимир Платонов, претседател на Московската стопанска комора и Дејан Бешлиев, претседател на Македонска­руската стопанска комора и Инна Жарова директор на „Македонски дом”.На чинот на потпишувањето присуствуваше и Н.Е. Гоце Карајанов, амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација.

Московската стопанска комора е сеопфатен центар за претприемачите и бизнисмените, вo кој тие можат да ја добијат неопходната поддршка за реализирање на своите деловни идеи.

Од македонската страна беше споменато дека се прават сериозни напори за зголемување на соработката со Руската Федерација, особено во делот на агрокомплексот и прехрамбената индустрија. Македонија е една од не многу земји кои не воведоа санкции спрема Руската Федерација.

Тоа придонесе меѓусебната размена лани да ја достигне бројката од 200 милиони долари и тоа е потенцијал кој и натаму ќе се зголемува, бидејќи условите за бизнис во Русија се дефинирании стабилни, ­ порача Дејан Бешлиев.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This