April 25, 2024, 10:14 am

МАКЕДОНИЈА ПАДНА ПОЗАДИ КОСОВО: Од лидер по вработувања, Македонија претпоследна – Косово на прво место

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косово е лидер во регионот, со зголемување на вработеноста од 9,2 проценти, по што следат Србија (4,3 проценти), Црна Гора (3,5 проценти), Албанија (3,4 проценти), Македонија (2,7 проценти) и Босна и Херцеговина (1,9 проценти), соопштуваат од Светска банка по повод новиот извештај „Трендовите во пазарот на труд во Западен Балкан 2018″ објавен денеска.

„Сепак, и покрај напредокот, ниските стапки на активност – особено кај жените и младите – заедно со високите стапки на долгорочна невработеност и преваленцата на неформална работа, продолжуваат да наметнуваат предизвици врз одржливиот економски раст во регионот“, додаваат од таму.

Зголемувањето на вработеноста во текот на минатата година за 3,9 проценти доведе до создавање на 231.000 нови работни места низ шесте земји од Западен Балкан. Невработеноста, исто така, се намали од 18,6 проценти на 16,2 проценти, достигнувајќи историски ниски нивоа во некои од земјите.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This