April 25, 2024, 10:48 am

МАКЕДОНИЈА ПОД СНЕГ: Западна Македонија под снег, погледнете ги фотографиите и снимките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Маврово до 16 часот е формирана снежна покривка од 55 сантиметри, информира УХРМ. Во Пожаране е формирана снежна покривка од 37 сантиметри, во Лазарополе од 25, во Тетово од 8, а во Берово од 5 сантиметри.

 

Времето до крајот на денот ќе биде облачно, во западните делови со повремени врнежи од снег, по должина на Повардарието од дожд, а во источните делови на Македонија врнежите ќе бидат претежно од дожд, но на повисоките места и на планините ќе поминуваат во снег. Обилни врнежи ќе има во западните делови.

Поради лавина од камења и снег целосно беше во прекин патот Маврово-Дебар, а вечерва според информацијата од Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Забрана за патнички возила е воведена на планинскиот превој Ѓавато, а на патниот правец Тетово–Попова Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила и за автобуси.

Врнежите од снег предизвикаа проблеми и на Стража. Патот не е исчистен и многу возила останаа блокирани крај и на патот. Според изјави на очевидци, завеани се камиони и автомобили, а среде патот има заглавено комбиња – пренесува порталот А1ОН.мк

Освен снегот, сообраќајот на Стража го отежнува и маглата. Според последните информации од АМСМ, видливоста е намалена до 100 метри.

Врнежи од снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Кичево, М.Брод, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This