МАКЕДОНИЈА ПРЕД РЕЦЕСИЈА: Економскиот аналитичр Фатмир Битиќи за Алсат-М тврди дека Македонија е пред рецесија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Економскиот аналитичар, Фатмир Битиќи, во вечерашното негово гостување во емисијата “Економски Магазин“ на телевизија Алсат-М, во однос на најновиот податок за третиот квартал за растот на Бруто Домашниот Производ од 0.2%, рече дека во квартал кој што историски има најголем прилив на средства од странство, не може да биде раст, и дека со таков податок Македонија е на прагот на рецесијата.

– Прво сметам дека раст од 0.2% во трет квартал, во кварталот кој што занеме дека има историски најголем принос на средства од надвор, затоа што тоа е летниот период кога ни доаѓаат иселениците и кога на широко се конзумира. Не можеш да кажеш дека е раст, 0.2% математички е во позитивна нула, но не е раст и мислам дека ние бевме на прагот на рецесија како држава со таков показател, потенцираше економистот, Фатмир Битиќи.

Тој исто така смета дека за Мекедонија и со веќе проектираниот раст на ДБП на Министерството за финансии за 2018 година од 3,2%, и по сите меѓународни институции, укажуваат на тоа дека на Македонија ќе му требаат неколку децении, околу 50-60 години, да дојде приближно до некоја земја од Европска Унија со стандард на живот.

Додека пак неговиот соговорник од Асоцијацијата за менаџери на Македонија, Зоран Витанов смета дека со потезите што ги прави Владата тешко ќе дојдеме до стапка на раст, дури и до 3,2%, што не е многу убаво.

– Не е важно што кажува Владата, важно е што прави Владата. Со потезите што ги прави Владата јас не гледам дека ние ќе дојдеме до стапка на раст, дури ни од 3,2% што е многу неубаво. Оваа Влада освен што уште повеќе нас сега не задолжи, а не ги знаеме потребите, не ги знаеме намените, и освен што сервисира исплата на камати, значи ние ќе ги исплаќаме трошоците. Околу 90 милиони евра ни се каматите, тоа е 60 километри автопат. Ние 60 километри автопат годишно фрламе за камати. Трошоците што сме се задолжиле, не ја сервисираме главницата, рече Зоран Витанов во емисијата.

Витанов, смета дека немаме никаква намера за мораториум барем на дел од долговите, а и дека со новата Влада, ние сега уште по ноншалантно се задолжуваме.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This