МАКЕДОНИЈА СТАНА СТРАТЕШКА ЦЕЛ ЗА ЕУ: Западниот Балкан е стратешки регион за Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се состанат денеска во Луксембург каде главна тема ќе биде Западен Балкан, а шефот на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини најави дека тоа ќе биде размена на мислења за тоа како подобро да се соработува со “партнерите во Западен на полето на заеднички безбедност и просперитет.”

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ во пресрет на Советот на министрите во Луксембург изјави дека ја смета за многу важна денешната дискусија:

“Западен Балкан е стратешки регион за Европа. Тоа е Европа , иако сé уште не е о дел од ЕУ “, рече Могерини.

Таа најави дека утре вечер, по усвојувањето на извештајот за напредокот на земјите кои се во процес на европска интеграција, патува на турнеја во земјите од Западен Балкан.

Могерини ќе остане во регионот до 19-ти април и ќе ги посети Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија.

Дискусијата на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан се одржува со цел да се подготви за претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан што се одржува на 17-ти мај во Софија. Советот веќе нагласи дека “присуството на Србија е клучно за овој настан”.

Исто така, Могерини истакна дека на самитот во Софија нема да има директен дијалог помеѓу Белград и Приштина, но ќе инсистира на добрососедски односи и на соработката во регионот, и ќе даде “директна поддршка за дијалог”.

“Важно е дека на самитот во Софија учествуваат сите 28 земји-членки, како и сите шест партнери од Западен Балкан. Клучот е дека постои општа согласност, не само поради обврските прифатени од страна на партнерите во Западен Балкан, но, исто така, поради заедничката поддршка од сите 28 земји-членки на ЕУ”, велат дипломатски извори во Советот.

Во Брисел, истакнаа дека на самитот во Софија клучен настан, кој не е во однос на процесот на проширување, туку станува збор за политички и регионалната соработка, како и соработката помеѓу ЕУ и регионот во областа на безбедноста и борбата против тероризмот, радикализмот, хибридните закани, како и усогласување на регионот со европската надворешна и безбедносна политика.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This