МАКЕДОНИЈА ЈА НЕМА: Европската Унија не ја гледа Македонија како сериозен кандидат за земја членка уште долго време

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската Унија не ја гледа Македонија како сериозен кандидат за земја членка уште долго време. За разлика од соседите Србија и Црна Гора, ние не спаѓаме ниту во групата земји за кои се изготвуваат планови за влез. Потврда за ова денес даде амбасадорот.

Европската Унија не ја гледа Македонија како сериозен кандидат за земја членка уште долго време. За разлика од соседите Србија и Црна Гора, ние не спаѓаме ниту во групата земји за кои се изготвуваат планови за влез. Потврда за ова денес даде амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар. Тој го повтори ставот на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер од пред една недела да не се надеваме на влез во ЕУ пред 2025 година. Но и покрај ова земјата треба да спроведе суштински реформи во наредниот период и да ја премости поделеноста во општеството.

 На ваквата изјава на Жбогар на Националниот совет за евроинтеграции, реплицираше Антонио Милошоски. Тој кажа дека овој став на ЕУ не е добар за кредибилитетот на ЕУ во земјата и дека го уништува евроентузијазмот во Македонија.
 Сепак и покрај овој став од страна на ЕУ владејачката коалиција го презентираше планот 369 и реформите кои ќе ги преземе Владата за пат кон ЕУ на што опозицијата реплицира дека Владата во изминатите 117 денови нема реализирано ништо и се е сведено само на празни зборови.
 На денешната Комисија за надворешна политика се потврди дека во моментот за Македонија да зачекори на патот кон евроинтеграциите најважно е да се спроведува јавна дебата и да има политички консензус .
 Претседателот на Комисијата потенцира дека е истечен периодот на меден месец од над 100 денови на Новата Влада и дека новиот извештај на Прибе за 2017 година доаѓа во вистинско време. Политиката  повеќе не треба да се однесува на тоа кој што ќе каже туку кој што ќе примени

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This