МАКЕДОНИЈА ЈА ОЧЕКУВА ГРЧКО СЦЕНАРИО: За 70 дена неверојатни 227 милиони нов долг, или 1.5 милиони дневно – повлечени и 126 милиони девизни резерви!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Долго најавуваното „грчко сценарио“ кое пропагандните мегафони на СДС го најавуваше додека ВМРО-ДПМНЕ беше власт, а никогаш не се случи, најверојатно ќе биде судбината на Македонија со новото државно раководство

 

Денес, Министерството за финансии ја задолжи Македонија со дополнителни 30 милиони евра, со што за само 70 дена Македонија само по основ на издавање на државни записи е задолжена за дополнителни 101 милион евра. Ова, на дневна основа се преведува во речиси 1.5 милиони евра нов долг на 24 часа, кој на крајот ќе треба да го плаќаат граѓаните.

Освен ова, Тевдовски по налог на Зоран Заев повлекол и дополнителни 126 милиони евра од девизните резерви, со што вкупниот долг кој Македонија го направи во само 70 дена од заевистичката влада се зголеми на неверојатни 227 милиони евра, што претставува своевиден, иако непопуларен, рекорд.

Со ова паѓаат во вода тезите кои постојано ги повторуваа мегафоните на СДС, кои во минатото редовно ги скандализираа редовните активности на МФ со кои се сервисираше буџетот, најавите за „грчко сценарио“ поради „презадолженоста“ на државата под раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Вистината е дека, Македонија додека ВМРО-ДПМНЕ ја предводеше владата беше најмалку задолжената земја во Европа, а дополнително има обезбедено солидна сума на девизни резерви, кои владата на Заев почна неконтролирано да ги троши.

 

Грчкото сценарио секако е на повидок денес, кога граѓаните се задолжуваат со 1.5 милиони евра секојдневно, суми на пари за кои никој не знае каде одат, имајќи во предвид дека со ребалансот на буџетот се скратени ставки за капитални проекти, инвестиции во образованието и здравството, но и во локалната самоуправа.

Долго најавуваната транспарентност пак, исто така како и останатите ветувања, недостасува. СДС ветуваше дека ќе постави бројчаник на Триумфалната капија на која ќе се гледа јавниот долг на земјата, но и непознатиот правец во кој се трошат парите.
Претходно, сметаат експертите, парите кои се трошеа беа видливи преку капиталните инвестиции како што се автопатите, инвестициите во автобуси, енергетската инфраструктура, развојните зони итн.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This