МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК НЕ ПОСТОИ ЗА БУГАРСКАТА ВЛАДА: По капитулацијата на Заев и Димитров, за Владата на Бугарија постојат сите јазици, освен македонскиот јазик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарското министерство за правда преку тендер за преводи на странски јазици ја открива тактиката на владата во Софија за непризнавање на македонскиот јазик како различен од бугарскиот, објави порталот expres.mk

Според тендерската документација за набавката „Извршување на пишан и орален специјализиран превод“ вредна околу 180 илјади евра македонскиот јазик не се именува како таков во групата на посебни јазици за кои се бараат услуги.

Во барањето македонскиот јазик се именува како „Официјален јазик на Република Македонија“ а сите други јазици за кои се бара превод се именуваат изворно.

Бугарското министерство за правда бара превод за Англиски, Француски, Германски, Италијански, Српски, Хрватски, Турски, Молдавски и уште десетина други јазици но за ниту еден друг јазик освен за македонскиот не пишува дека се бара официјален јазик на некоја држава.

Во тендерот нема објаснување зошто наместо македонски во тендерот стои „официјален јазик на Република Македонија“ но јасно е дека бугарските институции следат насока дадена од владата. Со тендерот се потврдува официјалниот став на источниот сосед според кој македонскиот јазик не постои и тој е дијалект на бугарскиот и се следи формулацијата која ја содржи договорот за пријателство потпишан на први август.

Пристапот на бугарското министерство за правда нема никаква логика затоа што ако Бугарија смета дека македонскиот и бугарскиот јазик се исти тогаш зошто би се барале превод за него. Ниту една друга држава во Европа не бара преводи за свои дијалекти или наречја.

Бугарските власти во неколку наврати предходно изјавија дека Бугарија не е таа која што признава јазици или нации а единствена која што рече дека со признавањето на независноста на Македонија, Бугарија го признала уставот и со тоа и официјалниот јазик, беше министерската за надворешни работи. Поради својата изјава Екатерина Захариева, беше жестоко критикувана во јавноста по што мораше да ретерира.

Каракачанов објасни што потпишавме: Иднината на Македонија е или во голема Албанија или во голема Бугарија (ВИДЕО)
Бугарскиот колега на Радмила Шекеринска националистот Красимир Каракачанов не се стеснува и среде Скопје да ги нагласи иреденстистички ставови и уште еднаш да нагласи дека Бугарија го сфаќа добрососедството во контекст на сонот за санстефанска Бугарија. Старите скопјани се едни од првите бугарски борци и бунтовници кои барале бугарска богослужба и бугарски училишта, убеден е министерот за одбрана на Република Бугарија и лидер на националистичката ВМРО-БНД Красимир Каракачанов.

Утрото на 2 Август пред да положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во изјава за бугарската телевизија Нова, Каракачанов изјави дека „104 години Македонија е одделена од бугарската култура“ иако „Скопје е првиот град во бугарските земји во кој започнуваат бунтовите против грчката црква со барање/желба за создавање на бугарска црква“.

– Македонија веќе 104 години е одделена по секој начин од бугарската култура, од бугарското образование, затоа што после 1912 година кога Србите почнуваат да владеат со овој дел од Македонија, сите бугарски училишта се затворени, сите бугарски цркви се затворени, бугарските владици и свештеници се прогонети во Бугарија или се убиени, вели Каракачанов.


– Се наоѓаме во град Скопје, тоа е првиот град во бугарските земји во кој започнуваат бунтовите против грчката црква со барање/желба за создавање на бугарска црква. Градот Скопје е првиот град во кој локалното бугарско население се дига на бунт против грчкиот владика и бара во црквите да се служи на бугарски јазик, да има бугарски училишта, ова е во првата четвртина на 19 век. Така што, историјата е јасна, кој сака да ја прочита ќе ја научи, кој не сака – нема да ја научи никогаш.


За заедничката историја Каракачанов вели дека Бугарија и Македонија нема што да делат кога е во прашање историјата, бидејќи и Илинденското востание и Гоце Делчев и Даме Груев биле Бугари, па така немало која историја да се дели. Тој најави дека комисијата за утврдување на заедничката историја ќе ги менува учебниците. За него иднината на Македонија е или во голема Албанија или во голема Бугарија.


Ставовите на Каракачанов ѝ се добро познати на македонската јавност. Овојпат, тие се и многу опасни, бидејќи доаѓаат од позиција министер за одбрана, со што се официјални ставови на бугарската политика.

Димитров: Договорот за добрососедство претставува крај за македонизмот
-Договор содржи две важни точки, кои ќе ја разрушат големата македонистичка лага. Вие знаете дека македонизмот се повторува низ историјата или поточно стопроцентно се потрпира врз историски лаги кои немаат ништо заедничко со реалната историја и отука имаме кражба на историските факти, односно дека Самоил е македонски цар, Илинденското востание е македонско и дека Бугарија нема никаков удел во него,тогаш природно и полека ќе започне ерозијата на македонизмот, вели Божидар Димитров.

-Македонските деца првенствено, а потоа и македонските граѓани ќе научат дека тоа се лаги кои тие ги учеле и некој им ги кажувал-посочи Димитров.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This