МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ УАПСЕНИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Швајцарската полиција уапси група од 127 криминалци, меѓу кои и лица со македонско државјанство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата од швајцарскиот кантон Цирих спроведе акција за сузбивање на криминалот и приведе 127 лица, меѓу кои има државјани на Македонија, Србија, Косово, Грузија, Франција, Колумбија, Монголија, Полска, Романија и Сирија.

Полицијата спроведе повеќе контроли, а меѓу уапсените се 24 осомничени провалници.

Акцијата траела од октомври до февруари годинава, а за време на тој период е зголемен бројот на патроли во кантонот, како и контрола на возила, се наведува во соопштението од швајцарската полиција.

Врз основа на контролите уапсени се 24 лица осомничени за провала, од кои 21 се предадени на надлежното обвинителство.

Вкупно 55 лица се уапсени поради кршење на законот за странци или наркотици. Исто така, поднесени се и 180 пријави и изречени се многу казни.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This