МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ ПОТЕКНУВА ОД 1878: Ристо Никовски објави таен документ на Британскиот воен кабинет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во емисијата “Аргументи” на телевиија Нова , гостуваше поранешниот амбасадор на Република Македонија , Ристо Никоски , кој зборуваше на актуелната тема која овие денови ја тресеше македонската јавност и македонската политика “ Декларација vs договор за добрососедство со Бугарија”

Никоски потенцираше дека треба да се бара решение за кризата а не да се мисли дека историјата допрва започнува.
Амбасадорот покрај силните аргументи за односите на Македонија со Бугарија изложи и документ од Британското Министерство со кое ја “поздрави” Бугарија и ги демантира сите нивни тврдења дека Македонија е измислица и дека постоела како нација од 1944 година.

“Еве имам еден таен документ од британското министерство за надворешни работи од 1944 година кое многу јасно кажува што е што”
Никоски истакна дeka : “ Таканаречениот македонски проблем не враќа назад до дговорот од Берлин од 1878 година но сега има сегашна форма и е резултат на втората Балканска војна од 1912 година”
Ристо потенцираше дека: “Значи македонското прашање е најмалку старо од 1878та година, околу 150 години и ако има македонско прашање можно ли е да нема македонци? Тоа теоретски не е возможно.”

Македонскиот народ и експертската јавност се повеќе се крева за изјавите дојдени од Бугарија за Македонската држава. Никоски е еден од плејадата македонци кои со доказ успеваат да го зачуваат достоинството на Македонската држава.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This