МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА КАКО ВО 14 ВЕК: Македонците во Ербле, Долно и Горно Крчиште без основни услови за живот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонско друштво “Илинден” со седиште во Тирана преку соопштение за јавноста ја изразува големата загриженост за положбата на Македонците во Ербеле, Долно и Горно Крчишта, област Поле,општина Маќелара,околија Пешкопеја.

Како потврда за ваквиот став Dруштвото го наведува  фактот дека во последните 25 години малку или речиси воопшто не е инвестирано во овие села населени со македонско население.

Патната инфраструктура, стои во сооштението, е во лоша состојба, и несфатливо е во 21. век да нема асфалтиран пат, што е главната причина за слабиот економски развој на селата, нема водовод, канализација и што е најтрагично нема ни здравствени амбуланти, кои нормално фукционираа во периодот на комунизмот.

– Дополнителен проблем за македонското малцинство е фактот што децата не може да го изучуваат мајчиниот јазик во училиште, иако со меѓународните конвенции за човекови права тоа нешто е решено, се додава во соопштението.

Токму поради немање основни услови за живот и егзистенција, стои во сопштението, македонското население е принудено иако со тешко срце да  ги напушта родните огништа на нивните татковци, дедовци и прадедовци.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]„Отворено ја повикуваме Владата и локалните власти на општина Маќелара и околијата Пешкопеја итно да преземат соодветни мерки за подобрувањо на состојбата. Исто така, сметаме дека досегашното однесување кон овие села и тамошното население значи кршење на основните човекови права загарантирани со меѓународните конвенции“, стои во соопштенето на МД„Илинден“ потпшано од претседателот Никола Ѓурѓај.[/kopa_block_quote]

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This