April 19, 2024, 12:19 pm

МАКЕДОНЦИ ВМЕШАНИ ВО КРИМИНАЛ ТЕЖОК 3.6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ:: Бугарија заплени доволно биткоини за да исплати 1/5 од државниот долг!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стотици илјади биткоини биле запленети во анти-корупциска операција во Бугарија, пренесе „Зирохеџ“, во моментална вредност од 3.6 милијарди долари, што е доволно Бугарија да исплати петина од државниот долг, кој е со висина од 16.5 милијарди евра

12 лица се уапсени во мај годинава по истрага на Југоисточниот центар за полиција, по дојава за царинска измама, стои во текстот на „Зирохеџ“.

Полицијата конфискувала 213,519 биткоини, тогаш вредни околу 500 милиони долари. Запленетата дигитална количина на пари во моментов се проценува на неверојатни 3.6 милијарди долари, благодарение на експлозивниот пораст на вредноста на криптовалутата.

За време на операцијата биле пребарани повеќе од 100 адреси, осомничени и автомобили, според СЕЛК. Од 23-та уапсени, петмина се Бугарски цариници. Полицијата запленила и „опрема, комуникациски средства, компјутери, таблети и банкарски документи“.

„Организираната криминална група се состоела од Бугарски државјани со врски во Македонија, Грција, Романија и Србија“, вели СЕЛК.

Според полицијата, групата регрутирала „корумпирани царински службеници од сите вмеани земји кои намерно инфилтрирале вирус во царинскиот компјутеризиран систем. Откако вирусот бил инсталиран, престапниците менувале информаци за разни пратки, по што во компјутеризираниот систем изгледало како истите веќе да се проверени и одобрени за влез во земјата“.

СЕЛК додава дека „престапниците го одбрале биткоинот како начин на инвестирање/штедење на парите, бидејќи е тешко да се следи“.

Најскапата криптовалута оваа недела достигна вредност од неверојатни 18.000 долари за еден биткоин. Во последната година оваа криптовалута имаше драстичен раст во вредноста, имајќи во предвид дека во Јануари еден биткоин вредеше 1.000 долари. Комбинираната вредност на биткоините во циркулација веќе ја надминува економијата на земји како Португалија и Катар.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This