МАЛОЛЕТНИКОТ ВО КОЈ ПУКАШЕ ПОЛИЦАЕЦОТ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Истражните органи по повеќе од 24 часа од пукањето со скудни информации

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Истражните органи по повеќе од 24 часа од пукањето со скудни информации за инцидентот што вчера се случил кај гробиштата во Струмица кога полицаец стрелаше кон малолетници од Радовиш.

Седумнаесет годишното момче од Радовиш во кого вчера пукаше полицаец се бори за живот. Куршумот кој завршил во градниот кош на момчето по лекарската интервенција на КАРИЛ е отстранет, но малолетникот се уште е во животозагрозувачка состојба, информираа од Клиниката за Алфа. Една година помладиот негов сопатник е стабилен но е задржан на лекување, по  интервенцијата во струмичката болница каде му биле санирани повредите од истрелот.
Истражните органи по повеќе од 24 часа од пукањето со скудни информации за инцидентот што вчера се случил кај гробиштата во Струмица кога полицаец стрелаше кон малолетници од Радовиш.
Од МВР велат дека вчера попладнето, полицијата на 192 добила пријава дека сега двете ранети момчиња со уште тројца нивни врсници сакале да извршат кражба, кај браната Мантово. Не украле ништо, но полицијата тргнала во потрага, а момчињата со возило почнале да бегаат. Полицајците ги пресретнале  кај градската капела. Со два предупредувачки куршуми испукани во воздух од страна на полицаец, возилото запрело. На првата полициска патрола и се придружила уште една, еден од полицајците при апсењето на момчињата со службениот пиштол почнал да пука и ранил две од нив. Нејасно е што било причината полицаецот да посегне по службениот пиштол и  да стрела, кога според МВР малолетниците ниту биле вооружени, ниту пак се опирале кога ги апселе а ниту ги нападнале полицајците. И обвинителството нема одговор зошто полицаецот со службен пиштол пикал во малолетниците. Од таму информираат дека истрагата е во тек, а ќе се вештачи службеното оружје од кое е пукано.
За овој немил инцидент денеска реагираа и од ВМРО ДПМНЕ.
-ВМРО ДПМНЕ предупредуваше дека хаосот што го креира СДС во полицијата ќе предизвика катастрофални последици. ВМРО ДПМНЕ предупредуваше дека незаконското и насилничко разрешување на професионалците во МВР и поставувањето на некомпетентни партиски кадри ќе резултира со нарушување на мирот и безбедноста на граѓаните. Не поминаа ниту сто дена и јавноста веќе гледа дека тоа се случува – рече Орце Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ.
Обвинителството информираше дека во истрагата е вклучена и внатрешна контрола на МВР, а полицаецот кој пукаше во момчињата е задржан во полициска станица.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This