МАЛТРЕТИРААТ ПРВАЧИЊА ЗА ДА ДОКАЖАТ ДЕКА СЕ ПОВЕЌЕ ОД 16%: Злоупотреба на првачињата од страна на албанските лидери!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неприфатливо е и научно неодржливо врз основа на некаква национална структура на учениците првачиња или на сите основци и средношколци да се изведуваат заклучоците дека во Македонија има 35 проценти Албанци. Ова е ставот на македонските експерти за статистика, кои потенцираат дека единствената точна бројка може да се утврди само преку пописот на населението.

prvacinja

Тезата за 35 проценти албанско население во земјава во јавноста се шири последниве неколку години, а деновиве со овој процент манипулира албанскиот премиер Еди Рама, како што и пред четири години изјавуваше и актуелниот косовски претседател Хашим Тачи.

Неоснован критериум

Потенцирањето на процентот од 35 отсто Албанци во земјава почна во 2014 година, кога тогашниот министер за образование Абдулаќим Адеми на почетокот на тогашната учебна година изјави дека „меѓу 30 и 35 отсто од запишаните првачиња се етнички Албанци“. Во тогашната изјава, која во истиот ден ја дал за медиумите на албански јазик, Адеми рече дека „од 280.000 ученици во основните и средните училишта во земјава, дури 35 проценти се етнички Албанци“. И, се чини, тогаш почна за да се стигне до последната изјава на албанскиот премиер.

– Во Македонија нема албанско малцинство, има албански ентитет, има повеќе од 35 отсто Албанци во Македонија – изјави неодамна Еди Рама за француска телевизија.

Ако ова се прифати, тоа значи дека бројот на албанското население во земјава за десетина години се зголемило за цели десет проценти, односно дека нараснал од 25,17 отсто во 2002 година на 35 проценти веќе во 2013 година!? Последниот попис во Македонија е направен во 2002 година. Според тогашните резултати, во Македонија живеат 2.022.547 жители, од кои 65 проценти се Македонци, 25,17 отсто Албанци, 3,85 проценти Турци, 2,66 отсто Роми, 1,78 отсто Срби и други малцински заедници.

Поранешниот директор на државниот Завод за статистика, Дончо Герасимовски, за „Дневник“ вели дека пребројувањето само врз основа на националноста на учениците никаде не служи како основа за тврдењата кое население колку го има во некоја земја.

– Kако прво, не може да се знае каква е етничката структура на учениците во првите и другите одделенија во основните и средните училишта. Не е валидно ниту пребројување на учениците по принципот каде се запишуваат ученици Албанци, а каде Македонци бидејќи има многу мешани училишта. До точната бројка може да се дојде само преку објективниот попис. Kај нас е главен проблем како да се утврди колкав број од населението престојува во странство повеќе од една година и кој не треба да се попишува како население во земјава. Немаме евиденција за тие луѓе, а на теренот тоа се покажа како главен проблем – потенцира Герасимовски.

Докази за иселувањата

Kога се работи за иселувањето на граѓаните, токму примерите со бројот на новородените деца и со бројот на овие деца што по шест години стасуваат да тргнат во првото одделение, најдобро покажува дека секоја година има значително напуштање на земјава. Инаку, секоја година во земјава се намалуваат и бројот на новороденчињата и бројот на првоодделенците.

На пример, во 2009 година имало 23.684 живородени деца, а шест години подоцна во училиштата тргнале 21.747 првачиња, односно дури 1.937 деца помалку! Разликата е голема и кога е во прашање запишувањето во учебната 2014/15 година: тогаш се запишале 21.872 првачиња, односно, за 1.073 помалку од бројот на живородени деца во 2008 година. Многу помала била разликата кога на ред дошло запишувањето на новороденчињата од 2003 година. Тогаш, од 23.596 родени деца, по шест години во прво одделение тргнале 23.002 деца, или 594 помалку.

– И јас сметам дека од структурата на учениците не може да се извлече заклучок за големината на одредена етничка група поради различната возрасна структура на одделните етнички заедници, но и поради отселените, зашто нема точни податоци за структурата и за бројот на отселените. Можно е една етничка заедница да има повеќе население (брачни двојки) што имаат првоодделенци, но да има многу помалку брачни двојки што имаат, на пример, осмоодделенци? Kај друга етничка заедница населението може да е повеќе во повозрасните групи и индиректно да имаат деца што се во повисоките одделенија. Но, може и кај одредена етничка заедница средната генерација да е повеќе од 1 година во странство и да не треба да влезе во вкупното население со пописот, а кај друга поголем дел од средната генерација да е во РМ. Така што не може преку првоодделенците да се оцени вкупното население, вели за „Дневник“ експерт за статистика, кој сакаше да остане анонимен.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This