March 29, 2024, 11:17 am

МАЛ ИНЦИДЕНТ НА МОДРИЌ ПО СУПЕРКУПОТ: „Врати се, не биди пи**а“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ кој игра за Реал Мадрид, го освои Суперкупот на УЕФА во Скопје, но по средбата имаше мал инцидент со новинарите од Хрватска.

Хрватските медиуми кои имаат само пофални зборови за неговата игра, сепак не се толку позитивно настроени кон него кога станува збор за неговите настапи во судница, а поврзани со скандалот со хрватскиот бизнисмен и сопственик на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ. Медиумите жестоко го напаѓаат и критикуваат Модриќ за однесувањето во судницата, па најверојатно толку од таа причина тој по вчерашниот натпревар одлучи да не застане и да не даде изјава за хрватските медиуми.

-Врати се, не биди пи**а, викаа новинарите додека Модриќ заминуваше од микс зоната на стадинот.

-Модриќ ги од**ба хрватските новинари, во Скопје го чекаа еден час, а тој само помина покрај нив, е наслов на Индекс.хр.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This