МАПАТА НА ПОДЕЛЕНА МАКЕДОНИЈА НЕ Е ШЕГА: Ситуацијата во Македонија полека ќе се радикализира бидејќи народот е оставен сам на себе!

Поврзано

- Advertisement -
© AP Photo/ Boris Grdanoski
- Advertisement -

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров уште во 2015. предупреди дека постојат информации дека околу Македонија се договара план со кој Бугарија и Албанија би имале заедничка границата. А тоа значи Македонија да се подели на два дела – бугарски и албански“, вели Александар Митовски, аналитичар од Скопје за Спутник

Мапа на распарчена Македонија на четири дела, поделена меѓу државите кои ја окружуваат, осамна само два дена по масовните протести во Солун поради името на Македонија, и тоа баш кога претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов одби да го потпише законот за двојазичност со кој албанскиот јазик се изедначува со македонскиот.

Реакцијата на неколку стотина Македонци на сето ова беше палењето на знамето на Европската унија пред македонскиот парламент.

По зборовите на Александар Митовски, аналитичар од Скопје, мапата со расцепена Македонија не се дел од некоја политичка шега – туку напад на суверенитетот на државата Македонија. Тој потсетува дека Бугарите од моментот кога Македонија стана самостојна држава тврдат дека Охрид е нивен, како и дел од источна Македонија до Струмица. Тоа, како што вели, не го тврдеше било кој, туку тогашни владини претставници, министри на оваа држава.

За Бугарите, додава тој, Македонија е само отцепен дел од матицата и сметаат дека таа кога-тогаш мора да се врати. Албанија, од друга страна, вели соговорникот за Спутник, го бара западниот дел на Мкаедонија, потегот Скопје-Велес-Струга. Тој исто така потсетува дека бившиот државен врв на Србија во еден момент северниот дел на Македонија го нарекуваше јужна Србија. За Грција веќе е се познато, иако до почетокот не шеесетите години, северниот дел на Грција бил практично македонски и тоа се историски факти.

„Така да оваа мапа која се појави дефинитивно е израз на нечии тежнеења кои постојат веќе со години. Само да потсетам дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров уште во 2015. предупреди дека постојат информации дека околу Македонија се договара план Бугарија и Албанија да имаат заедничка граница. А тоа значи, Македонија да се подели на два дела – бугарски и албански“, вели соговорникот за Спунтик.

Грчкиот неделник „Елефтери ОРА“, близок до Грчката православна црква и десничарските екстремисти, објави во највониот број од 21. јануари мапа на поделена Македонија помеѓу Албанија, Грција, Србија и Бугарија, пренесува порталот „Антипрес“ на албански јазик. Според објавената мапа, Република Македонија е поделена на четири дела, со тоа што, како што забележува албанскиот портал, најмал дел од територијата ќе припадне на Албанија, а најголемиот на Грција. Нешто помал дел од Грција, предвидено е да припадне на Србија, а помалку од тоа на Бугарија.

„Објавувањето на таква мапа со идеја да с еподели Македонија додека се водат разговори за ново име на Македонија, што е услов за членство во НАТО и додека се чека состанокот на Заев и Ципрас, претставува сериозна провокација за мирот на Балканот. Се надеваме дека ова е шала или неволја како последица на ладната и тешка економија на Грција“, наведува албанскиот портал.

Митовски вели дека и покрај ваквата анализа Албанците се единствени со оператива да предизвикаат било каков судир кој би довел до некоја територијална промена. Дали тригерот за Албанците би можело да биде одбивањето на Иванов да го потпише законот за двојазичност, кој по правило сега мора да биде повторно гласан во Парламентот?

„Опозицијата има неколку можност да го блокира овој закон, така што на пример ќе поднесе илјадници амандмани и на тој начин да го блокира, но тоа не го направија, а нема ниту најави дека ќе го направат. Од друга страна, она што го слушаме од опозицијата е дека на разговорите помеѓу Грција и Македонија гледаат како на позитивен чекор кон решение за спорот со името. Тоа изгледа дека ривалите за власт го прифатија патот на западната дипломатија, што доведува до тоа народот во Македонија да види дека нема никој на своја страна. Затоа гледаме како народот полека се радикализира“, објаснува Митовски.

Митовски предупредува дека палењето на знамето на ЕУ пред македонскиот парламент била спонтана реакција на граѓани на кои очигледно веќе им е доста. Тој воедно и потсетува дека на ваков радикален потег граѓаните на Македонија посегнаа во 1999.година кога во знак на протести поради бомбардирањето на Србија ги запалија знамињата на ЕУ и НАТО, но и амбасадата на САД.

Највлијателната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ го осуди објавувањето на мапата со која се дели земјата на четири дела. Партијата соопшти дека ваквите акции не помагаат во подобрување на соседските односи и ствараат клима на недоверба помеѓу Македонија и Грција. Партијата, чиј почесен претседател е бившиот премиер Никола Груевски, побара од надлежното министерство да одговори на непримерните потези на поедицни и групи во Грција, како и да побара конкретна акција од грчката страна против такви појави, објави порталот на албански јазик „Журнал“.

20 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This