March 29, 2024, 12:46 am

МАРИН ПРОДОЛЖУВА ДА ГИ ЛАЖЕ АЕРОДРОМЦИ: Наместо бесплатно, обезбедувањето во училиштата со нова повисока цена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на општина Аеродром продолжува да ги лаже граѓаните на општината, на кои во предизборниот период им вети подобар и поефтин живот

Овој пат, граѓаните се жалат на зголемената цена на обезбедувањето на училиштата, наспроти ветувањата кои ги даваше Марин во предизборниот период дека обезбедувањето ќе било бесплатно.

„Драги Аеродромци, додека во кампања ни ветуваа бесплатно обезбедување по училиштата во Аеродром, денес реалноста е сосема друга. Многу родители се јавуваат и реагираат дека наместо 380 денари што до сега ги плаќавме од пред некој ден уплатниците за обезбедување се покачени на 440 денари. Ова е спротивно на ветувањата на Златко Марин дека родителите повеќе нема да имаат трошок за обезбедување по училиштата. До кога ке не манипулирате градоначалниче?“ – реагираат граѓаните на социјалните мрежи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This