МЕДИУМИТЕ ВО РЕГИОНОТ: Корумпиран политичар, познат по богатењето се претвори во рак-рана на Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Корумпиран политичар, познат по богатењето, се претвори во рак-рана на Македонија

zaev

Ставовите на лидерот на Македонската опозиција Зоран Заев, пренесени во срспкиот весник „Политика“, во интервју најавено дури и на насловната страница, во Македонија се примени рамнодушно. Причината за тоа е едноставна – тука е добро познато дека Заев, просто речено е лажго и манипулатор.

И не само тоа – тој е само човек кој го зборува она што странците му наредуваат. Се работи за луѓе од целиот свет кои секако сакаат уште една војна на Балканот. Тие интензивно работат на спроведување на планот за промена на границите во корист на Албанците и муслиманите, и на директна штета на Македонците, Србите и Црногорците. поточно на православците на Балканскиот полуостров.

Не е лошо да се присетиме дека Зоран Заев е политичар кој беше еднаш помилуван одтогашниот претседател на Македонија и негов партиски колега, Бранко Црвенковски, поради криминал вреден дури осум милиони евра во врска со малверзација околу трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, каде е и градоачалник.

Во овој момент против него се води кривична постапка за примање на мито од бизнисмен, што е снимено и со ПИМ мерки (посебни истражни мерки). На снимките јасно се гледа и слуша дека тој за било каков бизнис во Струмица го бара и неговиот дел по формула според која, од секои две евра направени од бизнисот, едно му следува него. Тоа евро обично се уплаќа во менувачница чиј сопственик е неговиот брат, Вице.

Таков корумпиран локален политичар, егземплар на енормно богатење, за жал, се претвори во моментална рак-рана на Македонија. За огромното богатство доволно говори и фактот дека неговата поблиска фамилија поседувадури четири нови автомобили „Порше Панамера“ во вредност од по 150.000 евра по парче. Ваков возен парк поседува човек, кој на позиција градоначалник на Струмица дојде со „стоеден“ на плин.

Најважниот дел во ова, во неговите јавни настапи за надворешна употреба, го чини ставот „нема да осудуваме други народи“. Ваквите тврдења кај него се како „добро утро“. Познат е како човек кој на секого му го кажува она што неговиот соговорник или пошироката публика сака да го слушне.

Но на негова, и за жал на српските читатели, вистината е сосема поинаква.

Во Македонија да речеме, кога Заев ќе излезе со нешто слично, и ќе каже дека, на пример, нема да го менува државното знаме или химна, или кога ќе нагласи дека банкнотите нема да бидат двојазични, веќе утредента пристигнува демант од круговите блиски на албанскиот дел од политичките партии.

За неговите вистински ремиерски намери, цели и планови за имплементација на она што е договорено на фамозниот состанок во Тирана под диригентска пака на Еди Рама, многу релевантен соговорник е Зијадин Села, лидерот на Алијансата на Албанците во Македонија и актуелен градоначалник на Струга. За ова многу поискрено говори портпаролот на партијата ДУИ Бујар Османи, како и градоначалничката на Тетово Теута Арифи. Сите овие личности им ги препорачувам на медиумите за интервју, од кои српската јавност ќе ги дозае вистинските цели и намери на Заев и неговите партнери.

Нивните изјави за Македонските и странските медиуми на интернет, меѓу другото, доволно кажуваат. Какокорисен пример го наведувам само овонеделниот истап на Зијадин Сел во Швајцарија. Позади истите недвосмислено се гледа дека СДСМ и Зоран Заев, заедно со трите албански партии, доколк се дограбаат до власт во Македонија, ќе го прогласат српскиот народ за геноциден и дека по барање на Тирана ќе утврдат „историски факт“, дека Србите во првата половина на 20. век направиле геноцид на албанскиот народ во Албанија, на Косово и во Македонија.

Миленко Неделковски
Новости.рс

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This