МЕЛНИЧАРИТЕ ЌЕ ГО ЈАДАТ „НАЈДЕБЕЛИОТ СТАП“: Mожно е целосно укинување на маркичките за брашно за да се форсира увоз

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо да ги заштити домашните мелничари со контрола на увозот на брашно, македонската влада им задава финансиски удар, форсирајќи го увозот, на сметка на домашното производство. Сето тоа под превезот и изговорот за подобрување на добрососедските односи со Србија, која ќе го има најголемиот ќар од најавата за можно укинување на маркичките на брашното. Контролните маркички за брашно беа воведени за заштита на пазарот и домашните потрошувачите, од неконтролираниот влез на брашно од соседството и истите воведоа ред во делот на производството и продажбата на брашното.

Со маркичките домашните производители и увозниците на брашно се обврзани, пред да го пуштат во промет секое пакување на брашно да го означат со контролни маркички кои треба да се видливи и читливи.

Македонија во февруари годинава воведе измени на правилникот за контролни маркички, со кои се предвидиваше маркичките да се издаваат дури откако за брашното ќе се добијат резултатите од лабораториските анализи од Агенцијата за храна и ветеринарство, со цел, како што објаснија од Министерството за земјоделство, да се гарантира дека брашното е безбедно за употреба за македонските потрошувачи. Потоа нашата страна се согласи маркичките за пакувања од еден, два и пет килограми да се лепат во Србија, а на оние од 25 и 50 килограми, да се издаваат во земјава. Со воведување на измените во правилникот од наша страна се наиде на остра реакција од Србија и најава за воведување на контрамерки.

Ова беше решавачки потег по кој македоенската страна попушти, па сега најавува дека преговорите за увозот на српско брашно е можно да завршат со целосно укинување на маркичките.

-Со меморандумот меѓу Македонија и Србија што треба да биде потпишан до 30 јуни годинава, ќе се отвори и потребата од укинување на маркичката. И при првата средба во Скопје рековме дека отвораме храбри чекори за унапредување на соработката и укинување на нетарифните бариери. Веќе е договорено олеснување при извозот на оризот во Србија, радиоактивноста ќе се проверува на границата без да се чека, за ГМО ќе се признаваат нашите сертификати, анализи за листерија ќе се земаат само при проценка на ризик, а не постојано како сега, се кратат процедурите и за извоз на нашите градинарски производи, договорено е за максимум еден ден да завршат сите постапки – рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Според него, со унапредувањето на соработката и меѓусебното признавање на анализите, ќе се скрати не само времетраењето на контролите, туку значително ќе се намалат и трошоците со оглед дека некои анализи во Србија чинат 800 евра, а кај нас 200 евра.

Во врска со брашното, дополни Николовски, Агенцијата за храна и ветеринарство веќе воспостави нов систем на контрола, коридор при влезот на пратки со што надзорот е засилен.

-Минатата година увозот на брашно од Србија достигнал 53.000 тони и овие количини не се очекува да се зголемат со потпишување на договорите за унапредување на размената зашто толкава е потребата на македонскиот пазар- соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This