March 29, 2024, 11:11 am

МЕНЧЕ ТОЧИ ГИ ПОВИКА ЗАЕВ И АНЃУШЕВ ДА ПРЕСТАНАТ ДА КРАДАТ: Некои личности биле затрчани само по тендери и провизии за да си ги наполнат сопствените џебови!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во јавноста е општо познато дека кај граѓаните постои огромно незадоволството од 100 дена работа на новата влада. Полека, но сигурно и најголемите подржувачи на СДСМ и заминувањето на претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги менуваат ставовите за тоа што би можела како позитивна промена да донесе новата влада предводена од СДСМ.

Познатата новинарка Менче Атанасова Точи која беше еден од најголемите подржувачи на платеничката револуција на својот фејсбук профил изјави ,, На страна ова со Анѓушев, како се затрчани одредени личности по тендери и провизии да му се сврти на човек во главата. Да, не биде после не сум знаел!. Не сте избрани да ги полнете сопствените џебови, туку да менаџерате чесно! ‘’.

Реакциите во јавноста не стивнуваат по милионскиот тендер кој го доби компанијата чиј сопственик е вице премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Но сепак Точи истакна дека не станува збор само за случајот со компанијата на Анѓушев цитирам ,,Постот не е за Кочо Анѓушев, кога би бил би бил поинаку поставен. Коментирам за ситните директори кои плетат мрежи за провизии и тендери. Ги има секаде и ваму и таму, разликата е што сега можеме слободно да ги ставиме на тапет со докази, за разлика од порано, па нека му ја мислат. Се разбира не се сите во ист кош.’’ 

Нејзните пријатели реагира подеднакво жестоки коментари. Коментар со најмногу лајкови е цитирам ,,Точно така Менче. Ова дојде како такмичење кој повеќе да укради народни пари.Срамота! Уште пред изборот на Анѓушев јавно напишав текст и бев против неговото поставување, затоа што тој истиот работеше со режимот и со Мијалков имаат заеднички бизнис, само бил школски и добар пријател со сегашниот премиер и го поставија. Се боревме против ваквите криминални дејствија на режимските измеќари, а што добивме……….игрите продолжуваат.’’

Голем број на луѓето кои го лајкуваа овој фејсбук пост беа дел од шарената револуција, како на пример Мери Николова не се задоволни од работата на новата влада.

Шарените во главно не се задоволни ниту од кадровските политики на владата на СДСМ ниту од политиките кои ги спроведува. Гневот во јавноста се насобира ќе видиме дали тој повторно ќе се истури по улиците на Македонија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This