МЕРЦЕДЕСОТ НАМЕРНО ОБЕЗВРЕДНЕТ ЗА ДА ГО СЛИКААТ: Екс-функционерот на СДС за обезвреднувањето на владиниот „Мерцедес“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ексфункционерот на СДСМ Ивор Мицковски на социјалната мрежа фејсбук критикуваше како Владата го обезвреднила мерцедесот кој беше набавен за 600.000 евра. Според него, Владата прво вети негово продавање за да се набават амбулантни возила, а потоа од пропагандни причини го обезвредни.

Луксузниот „мерцедес“ кој го набави претходната влада за потребите на државата, официјално сега вреди 234.000 евра, објави ексклузивно ТВ 24 Вести, додавајќи дека вештачењето е завршено.

Според формулите на проценителот, утврдено е дека неговата вредност сега е 60% помалку од онаа во 2012, кога бил купен. Со возилот досега биле поминати 80.500 километри. Неговата регистрација има важност до јули 2019 година. Гумите, кои се отпорни на куршуми мора да се заменат, а еден пар чини 20.000 евра.

Од 80.500 километри, експертите се согласни дека најголемиот дел се направени во последните две години, што е сериозна километража за возило кое се движи во Македонија каде двете најоддалечени точки се околу 200 километри.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This