МИЗЕРЕН ОБИД ЗА ЛАЖЕЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ: Провладините медиумски сервиси ја онеспособија апликацијата „МојВоздух“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај на долго и широко ветуваните мерки за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје, но и во Македонија, главниот град на земјата повторно се најде на врвот на најзагадени градови во светот.

 

Вечерва, Скопје е трет најзагаден град во светот по Дака во Бангладеш и Калкута во Индија. Неславните резултати кои ја ставија Македонија на светските ранг листи, се всушност и единствените маркери по кои светот се запозна со Македонија по доаѓањето на власта на СДС. Решавањето на проблемот, што би рекол Заев, со „ајро“ се покажа дека е само обична, и неретко досега докажана шарена лага. Сите оние билборди и предизборни ветувања паднаа во вода, па дури и протестите кои самите си ги организираа, на кои протестираа луѓето кои се најодговорни за нудење и имплементирање на решенија.

Поради недостатокот на капацитет, одговорност, а највеќе политичка волја кај надлежните институции, меѓу кои и градот Скопје но и во владата на Зоран Заев, СДС се врати на старите, добро познати патеки на лажење на народот, притоа лишувајќи го од транспарентните податоци за тоа во каква животна средина живеат.

Вечерва, на генераторот на вести „Тајм.мк“ беше онеспособена апликацијата „МојВоздух“ преку која граѓаните најчесто се информираа за тоа каква е состојбата со загадениот воздух. Генераторот на вести „Тајм.мк“ кој претходно се соочи со низа на пријави за кражба на вести и авторски материјал, а во новинарските кулоари важи за провладин сервис, се стави во служба на властите, а со цел криење на витални информации за здравјето и животот на граѓаните.

Она што сакаа да го скријат е енормното загадување на воздухот, кој го регистрираат сите мерни станици.

Сепак иако сервисот е недостапен преку „Тајм.мк“, податоците се сеуште достапни преку апликациите за мобилен телефон и интернет страницата mojvozduh.eu

Претходно, граѓани на општина Аеродром преку социјалните мрежи пријавуваа случаи во кои вработени во општинската администрација прскале чист воздух во сензорите на мерната станица, со цел истата да пренесува позитивни резултати, наместо реалните.

 

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This