МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: Македонска платформа со максималистички барања, па потоа да преговараме!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Усталените, иако максимално нерационални и незаконски, права што во Македонија ги има добиено албанското малцинство (16%) тешко со било каков мирен и дипломатски речник и однесување можат да им се одземат. А, нужно е да им се одзмеат. Нивните “права“ ги лимитираат, кочат и одземаат нашите права.

Milenko-so-casa-Milenko

Згора на се‘, ветувањата што албанците во Македонија и во нивната дијаспора ги добија од Зоран Заев, ги качија нивните максималистички барања до ниво да било какви преговори во овој момент се неможни.

Едноставно, тие бараат толку многу што ние немаме каде да мрдаме.

Евентуалното исполнување на сите нивни барања, исто како и во случајот со предавничкиот (Трајковски, Бучковски, Георгиевски, Црвенковски) Охридски договор, нема да донесе никакво решение. Бидејки тие така размазени и распрдени од нивниот Вашингтонски робовладател, ќе си бараат уште и уште и уште…

Да земеме сега, во 21-от век, да се убиваме, требиме, уништуваме е нецивилизирано. Барем за нас православците во ова ниво на општествен развој е нецивилизирано. Проблемот е доколку некоја друга група е на ниво на општествено уредување како племенска заедница. Како племенско ниво на социјализација, убивањето и требењето (како и редаљката над сопругаа од страната на свекорот и деверите) може да се за нив нормално ниво на живот. Но, тогаш тоа се вика “Судир на цивилизации“.

Па така, ако не е требење, кое би било решението? Го има ли воопшто?

Има. Она што треба ние да направиме е силно, јавно и гласно да ги обзнаниме нашите барања за понатамошен соживот со сограѓаните во Македонија и соседите на исток, југ и запад.

Нашите барања мора да се максималистички, како и нивните. Максималистички барања на бугарите за нашата нација, јазик, историја – оп, и ние со уште по максималистички барања. На пример, да бараме референдум за отцепување на Пиринска Македонија.

Или, максималистички барања на грците – оп, и ние со уште по максималистички. Штрајк на нашите земјоделци летоска со блокирање на границата од 10 јули до 20 август, на пример.

Или пак, максималистички барања од Албанија и српската провинција Косово и Метохија – оп, и ние со максималистички барања. Да се воведат визи што ќе се издаваат за албанците во Тирана, а за косоварите во Зубин поток.

За во државава се знае: враќање на преамбулата, укинување на двојазичноста, корегирање на територијалната поделба, укинување (лимитирање на не повеќе од еден) на универзитети и школи на албански, лимитрање на не повеќе од две радиа и телевизии на албански, враќање на вториот канал на МТВ, еднојазични патни исправи и лични документи, задолжително владеење на македонски јазик и познавање на македонската историја како доказ да се има за да се поседува државјансотво (исто како во САД). Да се знае химната да се пее и рецитира (исто како во САД). Да нема знамиња на други држави и племиња на официјални институции. Задолжително да има голема слика од Претседателот и Премиерот на Р. Македонија во секоја институција и во кабинетот на секој раководител. Процесуирање на “хашките случаи“ за злосторства против човештвото што не застаруваат. Има и повеќе, ама да не набројува сега…

И така, да си ги поставиме ние нашите црвени линии, нашата платформа… Нам не ни треба странски премиер или претседател за да ни гарантира платформа, сами ќе си ја гарантираме.

Да ги бараме нашите права но и да ги спроведуваме. Без разлика дали се озаконети, договорени и потпишани.

На пример, да не се признаат дипломите од албански сомнителни образовни институции и веднаш заради несоодветно образование да бидат отпуштени од државна работа оние што се во таа категорија. И слични потези.

Па потоа ќе преговараме, бе!

Ах, да. И Претседателот на државата Иванов, како единствена легитимна политичка и раководна институција во државава во овој момент, да постави свој човек, своја особа, за ПРЕГОВАРАЧ со секој што ќе сака да преговара за било кој проблем или барање што ќе се преговара. Значи, со указ да постави свој “Холбрук“, “Солана“, “Железњак“… И да си знае оној што ќе допатува во Македонија да “олеснува“ или туторува со кого ќе си има работа. Или, да си знаат оние од Македонија кој ќе прават разни пржина, клуб-на-пратеници и слични подметачини – со кого ќе си имаат работа.

Јас ја предлагам за таа позиција Мирка Велиновска. Класната.

Таа најпрво ќе одбие, ама ја и Дарко ќе ја молиме, молиме, молиме… И ќе ја намолиме. Во интерес на Македонија и луѓето што живеат во нашава напатена земја.

Христос Васкресе

Миленко
на Велика Сабота 2017-та во Скопје

21.13 часот

26 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This