МИЛОШОСКИ СО ДЕТАЛИ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ: Ќе потпише ли Заев толку колку што бараат Грците во Мала Преспа на грчка страна?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Може ли Заев да потпише толку, колку што Грција може да посака? – прашува пратеникот и екс-министер за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот ФБ профил, истакнувајќи нови детали во врска со преговорите за името и договорот кој треба да се потпише во грчка Мала Преспа

„Дали Заев може да потпише толку, колку што Грција може да посака?

Јавноста се прашува зошто Зоран Заев и неговите советници за односи со Атина, Маричиќ и Башановиќ сеуште не се во грчката Мала Преспа да го потпишат договорот за смена Уставот и името?
Затоа што освен прифатениот пакет за името
Republic of Northern Macedonia и
Nationality: of the Republic of Northern Macedonia
Грција вчера испорачала уште две барања, кои не биле дел од усогласената рамка на Договорот Коѕијас-Димитров од Брисел:
1. Јазикот да не се запише Macedonian како што е сега заведен во ОН, туку латинично makedonski без никаков превод и
2. Менувањето на Уставот на Македонија да не биде после испорачаната покана за членство во НАТО и датумот за преговори со ЕУ, во Јуни/Јули оваа година, туку Македонија прво да организира референдум со позитивен исход, истовремено да си го смени Уставот, па дури потоа да очекува да биде поканета за НАТО и ЕУ.
Третата опција е договарањето да се одложи за неколку месеци.
Ставот на Заев кон овие барања е билет кон Преспа Микра!“ – пишува Милошоски на својот ФБ профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This