April 19, 2024, 12:45 pm

МИЛЧИН МУ СЕ НАЛУТИ НА ЗАЕВ: Никакви мајмунлаци не прифаќам освен Македонски јазик и Македонци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И идеологот на т.н. „шарена револуција“ преку која беше злоупотребен граѓанскиот сектор и ставен во служба на СДС, Владимир Милчин, му порача на Зоран Заев дека не сака да слушне за никакви „мајмунлаци со гротескни читања и изговори на именки и придавки“ алудирајќи на последните предлози за решение на проблемот со името

„Македонец, на англиски Macedonian; македонски јазик. на англиски Macedonian language; во таков случај, би можел да прифатам Република Македонија (Скопје), на англиски Republic of Macedonia (Skopje).

Ништо помалку од тоа. И никакви мајмунлаци со гротескни читања и изговори на именки и придавки.“ – напиша Милчин на својот ФБ профил.

 

Претходно, во јавноста беа лиферувани информации дека новиот предлог за името ќе биде за севкупна употреба без превод, односно во меѓународната употреба ќе се користи договореното име, идентитет и јазик само на латиница со што погрешно се претставува вистинското име на земјата, јазикот и идентитетот.

Денес, од Давос по средбата со Алексис Ципрас, Зоран Заев обелодени дека во име на решение на спорот ќе го промени името на автопатот „Александар Велики“ во „Пријателство“, а веднаш потоа ќе биде променето и името на аеродромот. Вториот по големина аеродром во Грција, Солунскиот аеродром пак го носи името „Македонија“.

 

 

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This