МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ПРОДОЛЖУВА ДА РАЗРЕШУВА ДИРЕКТОРИ: Разрешен директорот на штипската болница

Поврзано

- Advertisement -
Продолжуваат директорските смени на клиниките. Последен во низата разрешени е директорот на штипската болница – Александар Стојановски. На негово место е именуван д-р Ален Ѓорѓиев.
 
Нов директор ќе добие и Центарот за јавно здравје во Штип. Д-р Марија Димитрова ќе седне на директорското столче таму, а од Министерството за здравство информираат дека разрешен е и еконосмкиот директор во Клиничката болница во Тетово.
Нов директор треба да добие и Фондот за здравство. Министерот најави дека тоа треба да се случи утре, но денеска оттаму велат дека било политичка одлука и не се знае кога ќе биде именуван новиот директор ниту пак откриваат кои се кандидатите .
Од министерството размислуваат отсега Фондот да има само еден директор.
Според најавите на генералниот секретар на Владата до утре требаше да биде назначен и одборот, за кој претходно актуелниот директор на Фондот – Сашо Стефановски обвини дека со разрешувањето на членовите од минатата недела се парализира работата на институцијата и се става во опасност здравјето на осигурениците.
Претхдно разрешени беа четири медицински и тројца економски директори.
Според најавите на Министерот Таравари најдоцна за три недели – 80 отсто од клиниките ќе добијат нови директори.
- Advertisement -

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This