April 25, 2024, 11:24 am

МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Што треба да научиме од Каталонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Што треба да научиме од Каталонија?
1. Ниту една влада, никаков центар на моќ,никаква сила (војска, полиција, суд), не може да попречи волја на народот.
2. Секој силник, внатрешен или надворешен, не може да владее со теренот на долго време и со опресивни мерки.
3. Ниту еден надворешен фактор, колку и да е влијателен, во услови на внатрешни општествени кризи, не ви е од помош за вашите интереси и цели. Затоа мудрите револуционери како Гевара, Мисирков и Делчев ве советуваат: секој народ се бори и се ослободува сам.
4. Колку се пожестоки реакциите на силникот, толку ви е појасно дека тој е слабата страна, несигурниот, уплашениот кој ќе заврши како губитник. Каталонците имаат големо искуство во вакви двобои. Не се повлекуваат по првиот ќотек. И не се повлекуваат разочарани. Единствени се. Силни се зашто се решени да истраат. Една влада им собори Мадрид во 2014 заради референдумот. Вторава Мадрид ја испоапси. Сега удри и на народот. Мир после ова во Шпанија нема да има. Гарант. Ќе им се кренат и Баските. Спомените од времето на Франко оживеаја. Брисел и Вашингтон ќе се плеткаат или ќе изигруваат лудило, ама ефектов од ваквите фашизоидни политики само побрзо ќе ги урниса глобалните и профитерски центри на моќ кои наумиле од политичките и економските процеси да ги исфрлат нормалните луѓе и за свои интереси да ги заменат со бројлери, зомби, соросоиди. По Шпанија ќе стартува Франција, па Белгија и се така. Заразно е кога ќе тргне. Брисел? Ќе умре. Отимистите му даваат 4 години а песимистите 10. Фашизам, плус две три години за оној на Пол Пот во Камбоџа, не трае подолго.
5. Кога сте се решиле своите права и цели да ги остварувате демократски, со протести и гласање, најглупаво и најштетно е да апстинирате од избори заради тоа што не сте задоволни од политичкиот асортиман и квалитетот на стоката што се изнесува на изборниот пазар. Секој самосвесен човек во такви бербат услови излегува на избори, не за квалитетот на производот што се нуди, не за политичја партија, туку за да прати порака дека е сопственик на својот глас, односно, дека е поседник на државотворна акција која се котира на берза. Акцијата некогаш е со висока, некогаш со ниска цена, некогаш носи а некогаш губите профит, но е бесценета и не се шитка кога е густо. Збирот од таквите акции се гаранција за народна победа. Да не е така, Сиријците на кои пепел им ја претворија земјата и едно чудо Сиријци загубија животи немаше во услови на војна против Америка и нејзините европски и арапски слуги, односно ИСИЛ двапати да излегуваат на избори. Само за пратат порака дека се суверени.
6. Брисел немал порака ни за Мадрид ни за Барселона. Еден од бирократскитекретени на новинарите кои прашуваа за ,,ставот,, на ЕУ, односно Могерини, во врска со ,,демократските,, постапки на Мадрид, одговараше со ,,имате нешто друго да ме прашате? Одземањето право на еден народ да организира референдум, да гласа за кого сака или за што бара, било овојпат внатрешно прашање во кое Брисел не се мешал. Освен ако се работи за Балканот и посебно Република Македонија. Каде секоја будала и евроатлански бараба се меша кога сака, колку сака и како сака. Зошто? Зошто си имаме работа со дегенерирани европски насилници. И зашто имаме македонска политичка и интелектуална елита која е неписмена, безрбетна, кукавичка и безодговорна.
7. Затоа во Шпанија не плапоти ни Брисел ни Вашингтон или НАТО и ОБСЕ дека Мадрид не смее да употреби непропорционална сила врз Каталонците. Ама во Македонија која беше нападната од вооружени УЧК терористи од туѓа територија во 2001 и забранија нормална одбрана на легалните и уставните армија и полиција. И забрануваат уставна и законска реакција и сега кога беше организирано нападната и од соросоидните платенички хорди и од квислиншки партиски групировки како СДС и од косовски исил –терористи.
8. Каталонското искуство конечно ќе го натера дури и тврдоглавиот Никола Груевски да си признае дека идејата за референдум за името на Македонија која си има име, му е и глупава и наивно-романтична идеја. Ќе биде, имено, попречен или фалсдификуван. Ако ја фура и натаму, тогаш тоа е пеколен трик за да се исполни целта на фашизоидниот комплот, а македонскиот народ да се прогласи за кривец за геноцидот.
9. Затоа, ако може макар за кратко време да се опули наоколу, сам ќе разбере дека ,,факториве,, фашистички и преку овие локални избори со местени резултати, му трасираат пат постизборно, а во нова криза (блиски резултати евентуално), на нови преговори да се согласи на широка ,,национална коалиција од четирите пржински ,,преговарачи. Нова ера со ново име на РМ а без Македонци, не е баш и некоја ера, туку масовно убиство на цел еден народ, злостор против човештвото.
10. Обраќањето на македонскиве политичари во предвечерието на локалните избори на ,,своето,, гласачко тело со идентификациски поим како ,,овој народ,, или ,,оваа земја,, е исто како на бриселџиите кои ни се обраќаат како на ,,пипл,, од ,,дис бјутифул кантри,,. Ептен мотивирачки дејствува на ,,ова-она,, гласачите. Ви честитам на умот што го имате, ем политички коректен ем цивилизиран до тука бидува!
М.Велиновска

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This