April 25, 2024, 12:29 am

МИЦКОСКИ: Гасот во домаќинствата ќе стигне во 2018 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првите количини гас ќе стигнат во домовите крајот на 2018 та година. Македонија целосно ќе биде гасифицирана до 2020-та година, изјави генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски за РСМ.

mickoski-rsm-480x270

На прватата фаза – примарната гасификациона мрежа интензивно се работи, речиси 70% од работите се завршени и затоа Владата распиша повик за втората фаза од проектот – секундарна и терцијална гасификација. Огласот е во тек, заинтересираните компании имаат рок од 120 дена да достават документација и заинтересираност за овој крупен проект,  потоа ќе се премине кон втората фаза, која очекуваме ралитивно брзо да се заврши, и на крај третата фаза, а тоа е доставување писмо за интерес од заинтересираните компании, од кои потоа ќе се избере инвеститор, изјави Мицкоски. Според него, енергетскиот сектор во земјата е повеќе од стабилен, се инвестира како никогаш до сега. Еден од крупните проекти е изградбата на рудник помеѓу Делчево и Пехчево, каде е пронајдено висока колчина квалитетен јаглен. Таму ќе се изгради термоцентрала за производство на електричнна енергија, која би била со капацитет на 200 мегавати. Станува збор за сериозна инвестиција, каде би имало најмалу 1,000 директни вработувања и уште толку индиректни. Тоа за тој регион значи многу, додаде Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This