March 28, 2024, 11:38 am

МИЦКОСКИ ЗА НАПАДНАТАТА ПОЛИЦАЈКА: Ја дезавуираа македонската жена која стана предмет на шега на социјалните мрежи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес од настанот на Унијата на жени, јасно порача дека владата мора да покаже активизам, македонската жена да добие шанса, услови за да се развива, да има можности која ќе ја направат активен член на општестото и двигател на развојот.

-Да отвори борба против семејното насилство каде најчесто се жртви жените, да влезе во бескомпромисна борба против злоставувањето на жените. Одговорноста мора да има име и презиме во оваа држава. Ние за жал станавме држава со секојдневие, каде на вестите се информации за злоставувани штитенички на Домот за деца со социјално-воспитни проблеми, и за тоа имаме отсуство на целосни информации, а чуството дека станува збор за посериозен проблем се заменува со обидот да се сокрие скандалот само за да нема политичка одговорност. Па следните денови ќе дознаеме од медиумите како е тепана полицајка, но веќе утредента кога ќе се сретне со министерот за внатрешни работи, дава изјава дека станува збор за самоповреда од пајак возилото. Нешто што не само што е дезавуирање на положбата на македонската жена, не само што станува предмет на шега на социјалните медиуми туку е и повреда на интелегенцијата на граѓаните. Имаме манифестација на сила, наместо спроведување на правда, а кога силата ќе почне да говори, законот останува недостижен, истакна тој.

Мицкоски порачува дека клучот за одење напред и најдоброто оружје за рушењето на стереотипи е образованието.

–Образование базирано на вистинско знаење и проверени искуства. Во Македонија мора да се работи на искоренување на неписменоста, и никогаш не е премногу од многу литература и професионала надградба. ВМРО ДПМНЕ се поклонува на улогата на жената, и го почитува нејзиниот ангажман. Во креирањето на политиките активно учество има секој еден член од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која е најорганизираната политичка сила во оваа држава. Сте ја имале и ќе ја имате мојата поддршка сега и во иднина. Дозволете, кога влегуваме во деновите од неделата кога ќе се одблежи Меѓународниот ден на жената 8 март, најпрво да го честитам овој празник и да посакам успех во заедничката борба за економска, политичка и социјална рамноправност на жените. Клара Цеткин и Роза Луксембург ги направија почетоците, но патот мора да се изоди, за конечна победа насекаде и во секоја земја Тоа е процес кој несмее да запре, а Македонија е составен дел од тоа, посочи Мицкоски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This