МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ЈАНША: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја започна „мини Балканската турнеја“ со состанок во Словенија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот Александар Николоски од денес до среда ќе остварат средби со повеќе лидери и влијателни функционери во регионов на кои ќе ги претстават визиите на новото партиско раководство за идната соработка во југоисточна Европа и улогата на Република Македонија.

Тој денес ја оствари првата средба со лидерот на словенечка СДС Јанез Јанша, партија која е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ и голем поддржувач.

„Денес во Љубљана имав одлична средба со Претседателот на сестринската партија SDS, г-динот Јанез Јанша, голем пријател на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“ – објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи.

На средбите ќе се разговара за состојбите во регионот, билатералните односи, економската соработка, соработката меѓу партиите. Со ова ВМРО ДПМНЕ работи во насока на подобрување на односите помеѓу Македонија и земјите од регионот.

Целта на состаноците е да се споделат и информации околу застојот во демократските и економските процеси во Македонија во моментов и да се разменат идеи како истите може да бидат надминати.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This