April 18, 2024, 11:29 am

МНОГУ ГЛЕДАЛ МАФИЈАШКИ ФИЛМОВИ КАКО МАЛ: Ова е филмската шема за криминално испумпување на државни пари преку фиктивни фирми!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дел од земјоделците нема да земаат субвенции, но затоа субвенции ќе добиваат фиктивни фирми. Имено Зоран Заев најави дека доколку немале за 10 проценти поголемо производство од минатата година земјоделците нема да земат субвенции, но најави дека ќе даде субвенции за фабриката „Санос“, која што има само тројца вработени, а и никаква за некакво производство на макар еден автобус, иако премиерот најави производство на 70 автобуси за извоз.

Заев при посетата на „Санос“ најави дека команијата ќе има директни повластици од државата, како што тој кажа за секој нов продукт, а како што веќе пишувавме продуктите кои беа презентирани токму од премиерот, не се нови продукти, туку станува збор за половни автобуси кои се презентираат како нови, со една цел, а тоа да се заобиколи законот, со перење на пари со поврат на ДДВ и конструирана приказна за измама на јавноста.

 

-Сметајте на директни повластици од државата за секое ново работно место, за секој нов продукт, за секое ново производство. Идеите, што ги наметнувате и при ваквите прилики, широкоградо со широко раширени раце, ќе ги пречекаме за да ги поддржиме, а со тоа да обезбедиме пласман и на оваа фабрика и на многу други фабрики ширум Македонија- кажа Заев при посетата на „Санос“ пред два месеци.

Владата веќе со денови молчи за откриениот скандал со филмската измама на премиерот Зоран Заев со фирмата „Санос“. Веќе неколку дена ги разоткриваме информации поврзани со помпезната најава на премиерот Заев, дека „Санос“ ќе извезува автобуси од Македонија, фирма во која има само три вработени. Даночните инспектори и Јавното обвинителство ќе имаат многу работа за овој случај.

 

Потврда дека е можен тежок финансиски криминал добивме и до Царината, од каде ни соопштија дека извоз на автобуси од фирмата „Санос“.

Граѓаните се разочарани од потезите и лагите кои премиерот Заев ги презентира во јавноста, и како што велат тие, нивно мислење е дека премиерот на потценува интелигенцијата на граѓаните на Република Македонија. Инаку, токму премиерот Заев кажа дека автобусите се подготвени да тргнат на пат, но тие се уште не се тргнати, а не се ни знае каде се. Експертите коментираат дека покрај сомнежите за финансиски криминал, ова е обид на Заев да измами граѓаните, со што би собрал политички поени.

-Овие автобуси коишто денеска се подготвени да тргнат на пат, претставувајќи ја нашата Македонија, посакувам, да го отворат патот за нови вакви извози, продажба на домашни производи и за Санос и за целата македонска економија, кажа Заев при посетата на „Санос“.

 

 

Како што велат луѓе кои живеат блиску до фирмата, во овој голем криминал е вмешана и Владата. Еден од нив прашува како е можно преку ноќ да се произведат автобуси, кога како што вели тој во фабриката со години нема ниту еден човек. Очевидец на случувањата во фабриката ни потврди дека неколку дена пред посетата на премиерот Заев во фабриката, на паркингот на фабриката имало паркирани автобуси. Тој ни потврди и дека во последно време таму почнале да се вртат луѓе од власта.

Никој нема со години во фабриката, ниту има звук или се гледа активност, се зачудивме кога излегоа дека произвеле автобуси. Често се вртат луѓе кои ги гледаме на телевизија и се дел од Влдата, изјави граѓанин кој секојдневно ги гледа активностите на „САНОС“, активности кои како што вели и ги нема.

 

 

Економските сметаат дека позади оваа измама стои бизнис игра на моќници од властна кои сакаат да избегнат плаќање данок. За познавачите на ваквите прилики овде постои сомнеж за финансиска малверзација. Имено постои можност дека се работи за разработена мрежа каде компанијата набавува половен автобус и врши репарирање и потоа низ царината ги извезува како нов производ по што прави од државата фиктивен поврат на ДДВ со што се оштетува народниот буџет.

Скандалозна е и најавата на премиерот дека ќе дава субвенции за новите произведени автобуси, што според економските експерти преставува уште еден начин на кои високите чинители во власта би дошле до пари од буџетот, пари на граѓаните на Македонија. Инаку, ова не е прв пример каде властодршците ја користат својата моќ, познат е случајот со вицепремиерот Кочо Анѓушев, фирмите кои Заеви си ги купија откако СДСМ е на власт, а премиер е Зоран Заев.

Како што ни потврдија од Заводот за вработување од 18.09.2017 во фабриката се вработени три лица, иако премиерот Зоран Заев кажа дека на “новите“ автобуси работеле 20 работници на што посебно бил горд.

-Знам дека дваесеттина работници ги имаат изработено овие автобуси, за што треба да бидете посебно горди, оти и јас сум горд на вас. Горд сум затоа што Македонија произведува свои домашни производи и освојува пазари, изјави Заев при посетата на „Санос“.

 

Во „ФАС 11 Октомври“, која подоцна се ребрендира во „Санос“, само во производствениот сектор работеле 1.800 вработени, кои произведувале 1.600 автобуси годишно, ни кажа поранешен вработен во фабриката. Тоа во просек е по помалку од еден автобус од работник. Овој факт е само уште една потврда дека тука се работи за сериозен криминал и филмска измама, бидејќи не постои шанса 3 вработени да произведат 70 автобуси. А како што што ни кажа поранешниот вработен во фабриката моментално таму нема опрема со која би можело да се произведе макар и еден најобичен автобус, а не пак високо модерен патнички автобус.

Граѓаните велат дека после потврдата од Заводот за вработување за бројот на вработени, потврдата од Царината дека немало извоз, време е Јавното обвинителство да отвори истрага за овие индиции за сериозен криминал.

-Навистина сум зачуден што чекаат од Јавното обвинителство, во минативе денови низ медиумите се откриени тешки скандали на новата власт и тоа само со една фирма, а тие се уште молчат, ни изјави еден жител на Скопје.

Со реакција за овој скандал излегоа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде бараат да се отвори истрага за овој случај.

-Скандалот со „Санос“ станува сериозен. Постои основано сомневање дека преку оваа фирма се врши криминал со перење на пари и неоснован поврат на ДДВ. Оваа фабрика има само три вработени, а според најавите на Зоран Заев треба да произведе 70 автобуси. Сомнително и скандалозно. И повторно како по правило и овој случај се врзува со името на Зоран Заев кој што не само што ја посети фирмата „Санос“, туку и најави дека ќе и дава директно државни субвенции, изјави Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Стојановски порача дека мора да се застане на патот на матните зделки и одлевањето на милиони евра во приватни џебови.

-Ги повикуваме сите, вклучително и обвинителството да отворат постапка за скандалот наречен „Санос“ пред да биде премногу доцна и пред да почнат неосновано да му се исплаќаат милионски износи на име државни директни субвенции, како што впрочем најави Зоран Заев, изјави Стојановски.

Освен бројка на вработени потребна е инвестиција во машини. Состојбата на САНОС е поприлично лоша. Во 2003/2004 година неа ја купи бизнисменот Славе Распашковски за околу 1,5 милиони евра со цел да го обнови производството на автобуси и да врати на работа поголем број од поранешните работници. Оттогаш имаше неколку безуспешни обиди за рестарт на фабриката.

Последната понуда за продажба на САНОС била во 2005-та година од Волво, но не била постигната согласност поради превисоката цена која ја побарал управникот Распашковски.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This