Рафаела Равена (23) од Сао Паоло сите ја зафркавале и ја викале „дебелата“, а тоа многу ја погодувало.
После една година напорно вежбање и здрава исхрана, Рафаела успеала да ослаби 15 килограми и сега таа има само 10% телесни маснотии и веќе успешна кариера како фитнес модел. Но, зафрканциите на нејзина сметка не престанаа.
Неодамна пак почнаа да и се потсмеваат дека го постигнала тоа со помош на стероиди и дроги. И оваа новонастаната ситуација Рафаела успеа да ја сврти во своја полза така што јавно ги покажа резултатите од тестот и јавно ги предизвика своите конкурентки да го направат истото.