March 28, 2024, 11:14 am

МНОГУ ФИРМИ ЌЕ СТАВАТ КЛУЧ НА ВРАТА:Земаат кредити да исплатат плати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компаниите се повеќе се соочуваат со сериозни проблеми околу нивното функционирање. Фирмите, поради лошата бизнис клима, се повеќе и почесто се одлучуваат да подигнат кредити за да може да ги сервисираат тековните трошоци и исплати на плати.

Живот на кредити е филозофијата за која се одлучуваат десетици големи компании, а илјадници други сериозно размислуваат и се подготвуваат до крајот на годината да стават клуч доколку продолжи лошата бизнис клима.

Овој месец во споредба со минатиот, извозот падна на 52 милиони евра. За катастрофата во најава вчера на социјалната мрежа Фејсбук пишуваше и пратеникот Илија Димовски.

-Извозот од РМ во јули 2017 споредено со јуни 2017 е НАМАЛЕН за 11,9%. Извозот од РМ во јули 2017 споредено со јули 2016 е НАМАЛЕН за 5,6%, вели во статусот Димовски.

Дополнително три големи странски инвестиции се пред затворање на своите капацитети и напуштање на Македонија со што на улица ќе останат над 2.000 граѓани.

Викендов претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во својата прес-конференција посветена на странските инвестиции посочи дека минатата влада била во сериозни и интензивни преговори со околу 60-тина компании кои би отвориле нови 25.000 работни места, а дел од донеле одлуки за влез во Македонија. Поради незаинтересираноста на новата Влада да ги задржи и да ги продолжи преговорите, како што посочи Груевски, истите се замрени и постои сериозна опасност компаниите да ги сменат одлуките и да не инвестираат во земјава. Ваквиот развој на настаните дополнително ќе ја влоши бизнис климата и економијата во Македонија.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This