МОГЕРИНИ И ХАН ГО ПОЗДРАВИЈА ЧЕКОРОТ НА ИВАНОВ: Очекуваме брзо формирање на влада и враќање кон Евроатлантскиот пат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во заедничка изјава ја поздравија одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да му додели мандат на лидерот на СДСМ Зоран Заев за формирање влада и очекуваат брзо формирање на влада која ќе биде посветена на реформите. han-mogerini

„Ја поздравуваме одлуката на претседателот Иванов да му го даде мандатот за формирање влада на господинот Заев, како важен чекор во процесот на формирање на влада. Се надеваме дека овој конструктивен дух ќе продолжи да преовладува, така што земјата ќе може конечно да излезе од политичката криза. Сега очекуваме брзо формирање на влада која ќе биде посветена на спроведувањето на сите делови од Договорот Пржино и Итните реформски приоритети“, пишува во заедничката изјава на Хан и Могерини.

Тие, во име на Европската Унија повикаа на сплотеност на партиите во враќањето на Македонија на евроатлантскиот пат и изразија подготвеност да ја поддржат новата влада на чело со Заев.

„Ги повикуваме сите парламентарни партии да ги остават нивните поделби настрана и да работат заедно на заедничката агенда за реформи, за земјата да се врати назад на патот на евроатланската интеграција. Тоа е она што луѓето го сакаат и го заслужуваат. Ние сме подготвени да ја поддржиме новата влада во нејзините реформски напори“, порачаа Хан и Могерини.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This