April 25, 2024, 12:53 pm

МОЛИ БОГА ДА СТИГНЕШ ЗДРАВ И ЖИВ: Црн биланс, за само 45 дена министерување на Спасовски и Сугаревски 28 жртви на патиштата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајни несреќи со смртни последици во Република Македонија станаа секојдневние. Во 45 дена министерување на Оливер Спасовски, во сообраќајот во Македонија животот го загубиле 28 луѓе.

Според податоците на МВР, во месец јуни низ патиштата во Македонија животот го загубија 14 луѓе, а според неофицијални информации, за само 15 дена во јули, загинале исто толку лица. Од јануари досега животот го загинале 44 луѓе, што значи дека една третина од нив загинале само во минатиот месец, а во изминатите 45 дена загинале нешто повеќе од две третини од вкупниот број на загинати.

-Само за еден месец во Македонија се случиле вкупно 729 сообраќајни несреќи. Од нив 404 се со потешки последици, односно имало загинати и повредени лица, додека останатите 325 се само со материјална штета. Во незгодите настрадале 614 луѓе, од нив животот го загубиле 14 лица, а 600 биле потешко или полесно повредени, говорат официјалните податоци на МВР.

Дека бројката на сообраќајни несреќи со смртни последици е зголемена говори и фактот што во јуни минатата година, на патиштата низ Македонија загинале 11 лица.

Шест луѓе загинаа само минатиот викенд

Минатата сабота во источна Македонија шест лица загинаа, а петмина беа повредени во три тешки сообраќајни несреќи.

Едната сообраќајна несреќа се случила на магистралниот пат Штип – Кочани каде што патничко возило „Сеад Кордоба“ управувано од 28-годишен кочанчанец се судри со автобус. Животот го загубија возачот на автомобилот и двајца сопатници на возраст од 23 и 25 години.

На влезот во Виница, на мостот на реката Брегалница, 20-годишен виничанец кој возел „Пасат“ излетал од патот. Надлежните констатирале дека тој им подлегнал на повредите на лице место.

На магистралниот пат А – 3 на влезот на Делчево се случила сообраќајна несреќа со четири возила. Во оваа сообраќајка загинале две лица, 69 годишен делчевец кој управувал со „Ауди А4“ и 61-годишна сопатничка во автомобил „Поло“.

Едно лице загина изутринава во тешка несреќа

Воз кој сообраќал на релација Скопје – Гевгелија изутрината околу 9 часот прегазил машко лице во близина на Демир Капија.

Според првичните информации, несреќата се случила кај местото викано „Пржински мост“, каде возот удрил во засега непознато машко лице кое се наоѓало на пругата.

Од силината на ударот, лицето починало на лице место. Во моментот се врши увид на лице место, а на лице место ќе излезе и обвинител.

Вчера загинаа 16 годишна девојка и 27 годишно момче

Вчера околу 05:50 часот, на локалниот пат Битола – Граничен премин „Меџитлија“, во атар на с.Кравари, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Ауди“, управувано од З.М.(27) од Битола, излетало од коловозот и се превртело.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.М. кој на пат кон Клиничка Болница Битола им подлегнал на повредите.

На патот с.Арачиново-с.Брњарци се случила сообраќајна незгода, во која Е.Х.(20) од с.Арачиново, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“, удрил во бетонска ограда покрај патот.

Во 16,50 часот, во населбата Ченто, во амбулантата „Пеницилин“, била донесена почината 16 годишна девојка од Скопје, сопатничка во возилото, а во незгодата со повреди се здобило и осумгодишно девојче, кое било пренесено во Градстка општа болница „Наум Охридски“ и по укажана лекарска помош е пуштена на домашно лекување.

Како СДСМ ја обвинуваше претходната власт и собираше политички поени на вакви трагедии

Многу пати во минатото, СДСМ на прес-конференции директно ја обвинуваше претходната власт за бројот на жртви во сообраќајни несреќи.

-Уште колку жртви треба да се случат за да го платат непочитувањето на животот токму од страна на оваа неодговорна власт. Луѓето гинат по небезбедни патишта, а власта со скапи реклами учи како да се почитува животот. Поради неодговорност на власта патиштата се претворија во најголем убиец. Бројот на жртви во сообраќајни незгоди е за 4,5 пати поголем од бројот на убиства. изјави на една од прес конференциите актуелниот потпретседател на СДСМ Благој Бочварски тогаш од фунција на претседател на Комисија за транспорт и врски во СДСМ.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This