МОН: Да престанат шпекулациите и ширењето на дезинформации особено од членовите на Студентскиот пленум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за образование и наука реагира на натписите во дел од медиумите, во кои се интерпретирани и ставови на студенти- членови на таканаречениот Студентски пленум, односно обвинувања кон Министерството за образование и наука за неодговорно работење и свесно и намерно одолговлекување на објавувањето на резултатите од конкурсот за доделување на студентските стипендии за академската 2016/2017 година.

mon-640x455

-Во интерес на вистината, надлежните служби за студентскиот стандард при Министерството за образование и наука редовно одговараат на сите телефонски повици и информираат дека согласно насоките од Државната комисија за спречување на корупција, постои законска пречка за објавување на конкурсните резултати до завршување на изборниот процес, односно до изборот на пратениците во Собранието и изборот на новата Влада на Република Македонија. Така што, повторно информираме дека резултатите ќе бидат објавени веднаш откако ќе добиеме позитивно мислење од соодветната институција, Државната комисија за спречување корупција, се вели во реакцијата на МОН.

Во меѓувреме, апелираат да престане продуцирањето на шпекулации и ширењето на дезинформации, особено од членовите на Студентскиот пленум кои, како што се вели во реакцијата, редовно се обидуваат да поентираат преку измислени ситуации и наводни предизвици.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This