March 19, 2024, 10:02 am

МОСКОВСКА ПЛАТФОРМА: Во сабота преку „Спутник“ ќе биде објавена Московска платформа за Балканот, пишува Миленко Неделковски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Внимателен читач на текстови, колумни, постови ќе можеше да забележи дека колегата Бобан Нонковиќ имаше еден исклучително виспрен заклучок пишувајки: “Во својата стратегија за источното прашање, Путин ги користи грешките на западот во Југославија“.

rusija_kremlj
Натаму Бобан, во својот пост од 4-ти март пишува: “Случајот со Косово се употреби за прогласување на независност на Крим, искуствата од Дејтонскиот договор во БИХ е основа за уредувањето на Украина како двеентитетска федерација на Новорусија {православни под РПЦ} и Украина {православни под УПЦ и Полската католичка црква}.

Научените лекции од Македонија со рамковниот договор се основа за барање на правата на Руското малцинство во Балтичките држави.Употреба на Рускиот јазик во комадувањето на НаТО членка {Естонија и Латвија} е идната цел на Москва “.

Па така, тешко дека налудничавата и фашизоидна “купи ден помини“ политика на Брисел ќе може да се спротистави на дипломатските политички вештини на империја каква што е Русија. Меѓу другото затоа што Британците го напуштија ЕУ, а со тоа и нивната дипломатска вештина веќе не е на располагање на Брисел.

Последната грешка на Брисел и на кадрите на иззумирање во амбасадата на САД во Скопје, со екплицитното и безрезевно поддржување на Тиранската платформа, остава доволно простор на Балканскиот полуостров да се презентира нова про-православна платформа.

Па така, утре сабота, преку информативната агенција Спутник, ќе биде лиферувана ИНФО БОМБА од страна на Руската Федерација. Содржината ја знам во целост(нема втор таков во Македонија), но ексклузивата за објавување си ја има Спутник. Па за да прочитате што “Москва порачува“, ќе мора да се стрпите уште еден ден и да се логирате на Спутник.

Но, она што може да ви го кажам е дека секое следно соопштение на Москва , почнувајки со утрешното драматично, интегрално ќе ги вклучува Косово, БиХ, Црна Гора и Македонија. Без исклучок. Москва влегува во финално решавање на кризите во овие три-и-пол држави, без задршка и огради. Колку тоа ќе му се допадне или не на нашето Министерство за надворешни работи е небитно.

Русија со цел свој капацитет се вклучува во разрешување на проблемите во 4-те кризни жаришта: 1. БиХ со Република Српска; 2. Црна Гора со приемот во НАТО; 3. Нелегалната анексија на Косово и неговото враќање во рацете на Србија; и 4. Најновата криза со “тиранскиот“ обид за создавање нова држава на Балканот преку гаснењето на нашата Македонија а создавање на нивната албанско-муслиманско-соросова Македонија.

Користејки ја “Бриселската“ тактика на поттикнување и подржување на платформа (Тиранска) создадена во странска држава од странски премиер за странски интереси, Москва ќе одговори на ист начин со “Московска платформа“. Разликата е што оваа од Москва ќе е во корист на Македонскиот народ а на штета на албанските сепаратисти и соросовите наркомани.

Таа нема да се вика така (платформа), ами има работен наслов “Интегрална визија за Балканот“. Па да го видиме Брисел како ќе ја поддржува “Тиранската платформа“ за мешање во внатрешните работи на суверена држава и одземање на правото да си владее етнички мнозинскиот народ, а воедно ќе ја напаѓа “Визијата за Балканот“ сметајки ја за непримерено мешање во внатрешните работи на суверени држави?

“Интегралната визија за Балканот“, како што вели насловот интегрално (неделив дел од целината, неразделно сврзан за неа; што ги има сите составни делови) ќе се справува со сите 4 земји од Б4, односно со земјите од Балканската Народна Иницијатива. Значи со Македонија, Црна Гора, Србија и Република Српска. Во сите 4 православни држави кои не се усојузени со НАТО окупаторот и фашистичкиот режим од Брисел. Б4 како иницијатива е потполно прифатена од/во Москва. И истата му е ставена на масата на Доналд Трамп и неговиот тим.
Визијата од Москва не се меша во внатрешните работи на ниту една држава на Балканот. Не редифинира ниту една држава. Не менува ниту еден идентитет, јазик, нација. Не бара менување на граници, одземање територии… Визијата само кажува дека “Доста е“! Доста е од фашизоидни експерименти, рушење на традиционални црковни и семејни вредности, негирање на волјата на народот, туторување од имбецилни бриселски еуробирократи…

Визијата од Москва ќе ги решава 4-те невралгични точки на Балканот. Во свој, ама и во наш интерес.
И, немојте сега со “Москва ли ќе ни се меша“ фазони. Оти Брисел толку многу ни се меша што од Македонија направи Васина торта.
Брисел и Вашингтон се мешаат за да ја редефинираат и исчезнат Македонија. Москва се меша за да ја задржи онаква каква што е – Држава на Македонскиот народ и останатите народности.
Москва победи во Сирија и на Блискиот исток (Турција, Израел…).
Сега е на ред да победи на Балканот.

Миленко Неделковски
31 март 2017 – 5.45 наутро во Скопје.

39 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This