МУКОСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР: Во мојот досегашен политички ангажман сум носел одлуки во интерес на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во мојот досегашен политички ангажман секогаш сум носел одлуки во интерес на граѓаните, а за време на собраниските настани бев на своето работно место, рече Крсто Мукоски на денешната јавна седница на Апелациониот суд за разгледување на неговата жалба за укинување на затворскиот притвор.

Пред судскиот совет тој изјави дека во изминатите 80 денови минува низ страшна агонија, а целата ситуација предизвикува траума за неговите четири малолетни деца.

Освен за Мукоски, Апелациониот суд денеска ги разгледуваше и жалбите на пратеникот Љупчо Димовски, како и разузнавачот Мунир Пепиќ.

Скопскиот апелационен суд трет ден по ред разгледува жалби на осомничените за собраниските настани од 27 април.. За дел од нив, судот ги потврди одлуките на кривичен, а дел затворскиот притвор го заменија со куќен..

Така во домашен притвор заминаа пратеникот Љубен Арнаудов како и организаторите на протестите За заедничка Македонија, Борис Дамовски и Богдан Илиевски. Во куќен притвор заминува и актерот Владо Јовановски. Во притвор останаа пратеникот Сашо Василевски и екс министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

Инаку во следните денови и Кривичен ќе се произнесе за секој осомничен одделно какви мерки ќе им одреди во четвриот месец од истрагата.

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Крсто Мукоски останува во притвор во Шутка. Апелациониот суд го одби неговото барање мерката да му се ублажи со куќен притвор. Пред апелационите судии Мукоски се пожали дека освен физичкото, сериозно му е нарушено и психичкото здравје.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This