March 29, 2024, 12:57 am

МУХАМЕД ЗЕКИРИ СО НАВРЕДИ КОН СРБИЈА И РУСИЈА: Потпретседателот на СДС со дополнителни обиди да ги наруши односите на Македонија со светот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не само што ги расипаа односите со Србија, преку планот за предлагање на членство на Косово во УНЕСКО, СДС упорно се обидуваат на секој можен начин да ги нарушат и добрите односи помеѓу Р.Македонија и Руската Федерација, со што државата би загубила уште еден сојузник во Советот за Безбедност при ОН

 

Мухамед Зекири, потпретседателот на СДС, утринава на својот ФБ профил, со крајна несериозност и тенденциозност се обиде дополнително да ги наруши односите помеѓу Р.Македонија и Р.Србија, потценувајќи ја причината поради која северниот сосед ги повлекол сите дипломати од Македонија.

За тенденциозноста да биде поочигледна, Зекири се дрзнал да ја коментира одлуката на Србија, нарекувајќи ја „наредба од Москва“, во обид дополнително да ја навреди српската дипломатија.

Ова не е прв ваков испад на висок функционер на СДС. Претходно и Радмила Шеќеринска во исклучително несреќна, ступидна изјава за американскиот „Блумберг“ изјави дека „ќе направат се за Македнија што побрзо да се интегрира во НАТО и да се заштити од Русија“, но не даде образложение од што Македонија треба да се заштитува.

Од Амбасадите на двете држави не сакаа да ги коментираат изјавите на Мухамед Зекири.

 

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This