НАЕЗДА НА ЗМИИ: Скопје се претвори во змијарник, граѓаните исплашени молат за решение на проблемот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скоро и да не може да помине ден во последниов период да не се појаваат фотографии од змии во градот Скопје. Граѓаните загрижени повикуваат на внимание кај своите пријатели.

Градот како да се претворил во змијарник, барем според она што може да се види на социјалните мрежи, последниот случај каде е пронајдена змија во урбано подрачје од Скопје е населбата Тафталиџе.

-Море луѓе, мајка ми и Весна утепале змија од метар кај Горење во Тафталиџе. Пазете децата, кучињата и мачињата, нема заебанција, гласи еден од постовите денеска објавен на социјалните мрежи.


Загрижувачки е тоа што ова не е единствен случај каде змија е видена во градот Скопје, пред неколку дена во населбата Карпош 4 граѓаните фотографираа како се шета змија отровница.


Фотографиите ги објавија револтираните граѓани кои во Карпош ја затекнале змијата пред нивната зграда и се обиделе да ја убијат но не успеале.


-Драги пријатели, Не се разбирам многу во влекачи и змии, но во Карпош 4 во близина на кејот на Вардар (и тоа на тротоарот пред зграда) е видена змија, не е мала, не знам дали е отровна или не, во секој случај е језива, па само да ви кажам внимавајте на своите миленици и дечиња.


Под оваа објава граѓани оставија и неколку коментари дека станува збор за змија отровница.

Пред неколку дена од страна на еден граѓанин беше фотографирана змија и во централното градско подрачје.

На социјалните мрежи се појави фотографија која шетала во центарот на Скопје.


Претходно змија ги преплаши и студентите во студентскиот дом „Стив Наумов“.

-Змијата беше пред 3/4 барака и побегна низ тревата и се изгуби, препорачуваме прозорци да не оставате отворени да не добиете несакан цимер, напиша еден од студентите на ФБ групата.

Тогаш студентите прашаа дали се уште нема нафта за да се искоси тревата пред студентскиот дом.

– Условите се за никаде, тревата не е искосена и затоа се појави змија. Надлежните чекаа да се појави ваква ситуација за да реагираат. Утрово почнаа да ја косат тревата, што се нема случено до сега. Може да видите наоколу и пред другите згради се уште има неискосена трева, пред камерата на порталот Лидер изјави една студентка.


Условите во студентските домови од ден на ден стануваат се полоши. Изминатиов период, токму во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје повеќе од еден месец немаше топла вода, тврдеа револтирани студентите од овој дом.

Пред неколку дена змија се појави и на Арената Филип Втори на мечот меѓу Вардар и Скопје, на местото каде што седеа сопругите и девојките на гостинските фудбалери, објави порталот Спортмедиа.

Арената која во август оваа година беше домаќин на европскиот Супер Куп, во мај оваа година е претворена во змијарник.

Коментарите на многумина се дека ова е скандал, дека можеби најмодерниот стадион на овие простори се претворил во змијарник. На шега граѓани велат дека е добро што стадионите се празни па овие влечуги нема кого да каснат.

Сепак, мора да се признае дека оваа слика на најголемиот стадион во нашата држава е далеку од нешто за шегување

Граѓаните повикуваат на реакција од градот, бидејќи ситуацијата станува алармантна, нивните коментари се дека вака не било никогаш во градот.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This