НАМЕСТО ДА СЕ ОПРАВДА, РАШКОВСКИ СЕ „ДОЗАКОПА“: Рашковски се обиде да манипулира, доби лекција од Христијан Мицкоски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сметајќи дека народот не разбира, е глув и слеп, Драги Рашковски се обиде во очаен обид да ја манипулира јавноста со цел да се извади од калта во која пропаѓа секојдневно, благодарение на неговиот непотизам и злоупотреба на функцијата како генерален секретар на владата

 

Имено, Рашковски по назначувањето за ген.сек на владата на Р.Македонија, доделил тендер за правни услуги на адвокатска канцеларија во сопственост на неговиот кумашин, адвокатот Костиќ, за работи за кои во владата на Р.Македонија веќе се вработени правници.

Преку груба лага и манипулација, Рашковски се обиде да се извади од калта во која пропаѓа, но доби одговор кој дополнително го „закопа“.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″] Почитуван колега Рашковски, навистина ме разочаравте, а имав високо мислење за Вас, но после ова Ваше денешно писание ме разочаравте и како човек, колега но пред се и како педагог кој треба да биде пример за идните генерации…, но нејсе, велат на човек со сила можеш да му земеш но не и да му дадеш. Пред бога сте се заколнале дека ќе му бидете кум на човекот кој го злоупотребувате за да можете на осуденикот да му се допаднете милиметар повеќе. И јас и Вие сте свесни дека ова што го пишувате е лага и груба злоупотреба на кумашинот чии наследници претпоставувам сте или ќе ги крштевате, јас ќе Ви простам, но не знам дали и тој ќе го стори истото. Колега Рашковски, за време на упадот од страна на кумашинот Ваш, со документ во рака и овластување од Владата, овозможив цивилизирано примопредавање на управувањето на компанијата која нешто помалку од една година ја водев. Како правник и професор треба да знаете дека за да биде завршен уписот во централен регистар на новите членови на надзорниот одбор, потребно е мислење и овластување од овластеното лице (а во тој момент тоа бев сеуште јас д-р Христијан Мицкоски) што ќе го врши уписот, а за сопственикот на ЕЛЕМ (Владата на РМ) во тој момент, тоа лице беше Вашиот кумашин. Ги потпишав мислењето и овластувањето и работата се заврши. Документите се архивирани на денот кога престана мојот ангажман во ЕЛЕМ. Ниту сум го ангажирал Вашиот кумашин ниту адвокатската куќа која е именувана во новинарското писание, а од Ваша страна невешто злоупотребена. Колега Рашковски на лагата и се кратки нозете, но спомнете си на овој мој бесплатен совет до Вас и осуденикот, дека со вакви ефтини шибицарски финти на Владата мандатот ќе и биде уште пократок. Viva academia viva profesores – напиша генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.[/kopa_block_quote]

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This