НАМЕСТО ПОДОБРИ УСЛОВИ, КРАТЕЊЕ ОД СТУДЕНТИТЕ: СДС скрати 213 милиони денари наменети за универзитетите и факултетите, а ветуваше подобри услови во високото образование

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политиката на СДС е лицемерна. Лицемерието на СДС највеќе на свој грб ќе го почувствуваат студентите. СДС скрати цели 213 милиони денари наменети за универзитетите и факултетите низ државата, а ветуваше подобри услови во високото образование, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

-Заев, Десковска, Туфегџиќ, Богоев и останатите во текот на изборите ветуваа квалитетно високо образование и подобри услови за студирање, а сега од позиција на власт само блокираат инфраструктурни проекти, укинуваат мерки и кратат финансии за образованието. СДС скрати цели 30% од буџетот за универзитетот во Охрид. СДС крати и 50% од парите наменети за ФИНКИ. Ниту Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ не останаа имуни на негрижата од страна на СДС. За жал од оваа негрижа највеќе ќе страдаат студентите, истакна Јован Јаулески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Десковска, вели тој, како министер доаѓа од позицијата професор на правниот факултет и додава: Таа во предизборието ги лажеше студентите и младите дека тие ќе бидат на прв план во новата влада на СДС, а сега истата таа професорка од позиција на министер, по насока на Заев крати 213 милиони денари од парите наменети за високо образовните институции. Тоа е лицемерие на дело.

Заев пред и за изборите од уста не ги вадеше младите, како истите ќе биле негов приоритет и обврска, сега се што направи за младите е во насока на уназадување и отежнување на нивните права и услови. Владата на СДС не е реформска, таа е антиреформска. Владата на СДС не носи прогрес во образованието, таа носи помалку стагнација, а повеќе уназадување. Студентите се свесни веќе дека се изманипулирани од страна на СДС. Тоа нема да им го простат во ниту еден случај.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This