April 20, 2024, 11:42 am

НАМЕСТО РЕШЕНИЕ, ШИЛЕГОВ СЕ РАСПРАВА СО МЕДИУМИТЕ: Состојбата во Скопје и Македонија е загрижувачка, властите немаат намера да прогласат вонредна состојба!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија се гуши во смог, нивото на загадувањето претставува опасност по здравјето и животот на граѓаните, изгледа ништо од ветувањето на кандидатите за градоначалници на СДСМ и Зоран Заев за чист воздух во државата.

Воздухот во главниот град Скопје и низ државата повторно е критично загаден вечерва, како и во текот на целиот ден. Според податоците на мерните станици, концентрацијата на ПМ-10 честичките е далеку над дозволената во главниот град и во Велес.

Според апликацијата „Мој воздух“ најголема загаденост покажува мерната станица кај Ректорат во Скопје, каде загаденоста е 507 ПМ-10 честички, следуваат Карпош, Центар и Газа Баба, со 480, односно 389 во Центар и 356 во Гази Баба. Состојбата е алармантна и во Велес каде нивото на загадување е 362 ПМ-10 и честички и скопско Лисиче каде е 283 ПМ-10 честички.

 

Инаку Скопје стигна и до не баш ласкавата „титула“ најзагаден град во светот. Едно е сигурно, доколку продолжи неодговорноста на надлежните, на Скопје ќе му биде загарантирано првото место на листата уште долго време.

И додека градоначалникот на Скопје Петре Шилегов неодамна ги обвини граѓаните дека се виновни за загадениот воздух, но и посочи да не прават ријалити шоу од оваа тема, се уште нема преземено ниту една мерка од вкупно 39-те кои ги вети пред изборите.

Инаку и претходно Шилегов го лоцираше виновникот за загадувањето на воздухот, а тоа според него се граѓани, на иста бранова должина со скопскиот градоначалник е и централната власт предводена од СДСМ.

Загревањето на домовите е најголем загадувач на воздухот. Ова е заклучокот од извештајот на интер-ресорската работна група составена од 17 државни институции и граѓански и еколошки организации, која работеше на анализа на овој проблем кај нас, кажаа од Владата.

-Лоцирани се изворите на загадување. Според овој извештај загревањето на домовите, односно греењето е најголем загадувач на воздухот, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Незадоволството на граѓаните поради загаденоста на воздухот ги предизвика родителите во знак на протест да се решат за бојкот на наставата на нивните деца од училиштата.

Иницијаторите на акцијата ги повикуваат сите родители да не ги пуштаат своите деца тој ден на настава за да се покаже дека е важна борбата против загаденоста на воздухот.

Акција за бојкотирање на наставата на 20 декември е претставена на социјалната мрежа Фесјбук при што се повикуваат сите родители да не ги пуштаат своите деца тој ден на настава за да се покаже дека е важна борбата против загаденоста на воздухот.

-За важноста на справување со загадувањето, како најголем и најопасен проблем потсетуваме веќе 4 години. Досега се обидовме со чести собири за искажување на незадоволството од несправувањето со ниедна точка од овој комплексен проблем, да ги потсетиме службениците да си ја сработат работата за која се нафатиле да ја сработат, а за што добиваат плата од наши пари. Бидејќи досегашните форми на протест не вродија со никаков плод, отсега го менуваме начинот на искажување револт, се наведува на страницата на Фејсбук на оваа акција.

Под хаштагот #БојкотирамНастава се повикуваат и останатите граѓани да дадат поддршка.

-Со ова ќе укажеме дека проблемот не само што не е решен, туку и нема никакви најави дека ќе се реши, а уште помалку и дека било каква мерка ќе се спроведе. А ние, најмалку нашите деца и постари, немаат уште една година. Затоа, ширете ја информацијава, постирајте слики со ваши пораки и на 20 декември останете дома и поминете едно претпладне со вашите деца, наведуваат иницијаторите.

 

Инаку, граѓаните кои се загрижени за своите најмили за Шилегов претставуваат политички опструирани луѓе од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, иако состојбата е и повеќе од загрижувачка, сепак граѓаните на неодговорната работа на власта со оваа сериозна проблематика наиде и на реакции на социјалните мрежи.

Еден од постовите на Твитер вели дека најновиот дел од Пиратите на Карибите моментално се снима во Скопје.

Друг твит пак вели дека пораката е пратена: Ако не морате- не дишете.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This