April 20, 2024, 12:01 am

НАРОДОТ НЕМА ДА ЈА ПЛАЌА ФАКТУРАТА НА ЗАЕВ: Што побрзо СДСМ и Заев го разберат ова, тоа подобро!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јасно е дека СДСМ не сака никакви чекори во правец на стабилизирање на државата освен нивната зацртана цел, по секоја цена доаѓање на власт дури и по цена на државните и национални интереси, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по извршениот увид во катната гаража „Смилевски конгрес“.
nikola-gruevski-izjava

-Јас разбирам дека кај нив фактурата е голема, дека ги притиска истата дека киријата е скапа, но неприфатливо е ниту за ВМРО-ДПМНЕ, ниту за народот таа кирија и таа фактура да ја плаќа народот и да биде завршена на грбот на народот и на државата. Токму затоа народот во толку голем број и толку долго време, како никогаш до сега секојдневно се спротивставува и пружа отпор. СДСМ треба да знае дека народот и ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволат таа фактура да ја плаќа народот, вели Груевски.

Тој додава дека како партија во изминатиот период покажале дека сакаат да се најде решение со дијалог и со наоѓање разбирање меѓу политичките партии.

-Прво понудивме на СДСМ, доколку се откаже од Тиранската платформа, дека ВМРО е подготвена да им ги отстапи 51 пратеник кој ги има да владеат извесен период кој ќе го договориме, но услов да биде да се откажат од Тиранската платформа и доколку Заев биде избран од албанските партии, ВМРО му ја нуди опција понатаму да го поддржува само да не ја спроведува содржината во неа. Откако тоа го одбија во првите неколку часа откако беше понудено, понудивме таканаречен Патоказ за излез од кризата кој е документ кој треба краткорочно и среднорочно да најде излез од кризата. Тој излез, помеѓу останатите делови од тој Патоказ, подразбираше и предвремени избори заедно со локалните нешто што е изводливо, но и тоа беше одбиено без многу дебата со навреди и ароганција кон ВМРО-ДПМНЕ. Понудивме и треба иницијатива, Манифестот за единствена Македонија кој пред се беше за една среднорочна стабилизација и уредување на едносите меѓу политичките партии во правец на иднината на државата и долгорочен документ. И овој документ беше отфрлен во првите неколку часа, арогантно, надмено и прилично дрско. Тој документ го подготвувавме прилично долго во обид да им се допадне на сите политички партии, и бевме подготвени да дебатираме за него, истакна Груевски.

Тој додаде дека што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле подготвени да дискутираат со секого кога е во прашање државата. Меѓутоа, вели Груевски, во оваа ситуација не зависи се од ВМРО-ДПМНЕ, ситуацијата во најголема мера зависи од СДСМ чија тактика очигледно беше по секоја цена да се направи криза бидејќи веруваат дека тоа е единствениот начин да дојдат на власт.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This