НАРОДОТ УМИРА ОД ЗАГАДУВАЊЕ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЕ МИСЛИ КУМ: Преименуван мост во Струга – отсега е мост „Насер Хани“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека целата држава и граѓаните на Струга беа преокупирани од еколошката катастрофа, која што е предизвикана од локалната самоуправа, градоначалникот на тој град, Мустафа Забзун на незаконски начин одлучил дрвениот мост на Црн Дрим да го именува по своја желба, прескокнувајќи го и советот на Општина Струга, се жалат од ВМРО-ДПМНЕ Струга.

 

Од локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Струга, потегот мостот да се крсти Насер Хани, го сметаат за провокација од страна на градоначалникот, кој место да се фати за работа и да ја реши состојбата со загадувањето предизвикано од запалената дива депонија, тој се занимавал со именување мостови, во тие тешки мигови за градот, кои може да значат и уништување на цела туристичка сезона.

Од таму побараа веднаш да се престане самоволието на некои локални струшки моќници, кои затскриени зад неспособната локална самоуправа, делуваат на своја рака. Тие побараа веднаш од надлежните органи да ја отстранат оваа табла.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This