НАТО, САД И ЕУ АКТИВНО ПОТТИКНУВААТ СУДИР НА БАЛКАНОТ: Поддршката на „големоалбанските“ планови е опасност за цела Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД, НАТО и Европската Унија со својата воена поддршка директно ги поттикнуваат крајно агресивните планови на Албанците, ја засилуваат напнатоста на Балканот и прават опасност од разгорување на нов судир, изјави заменик секретарот на Генералниот совет на Единствена Русија Сергеј Железњак

Рускиот пратеник ова го изјавил по повод предлогот на албанскиот министер за одбрана да се изгради воено-морнаричка база на НАТО на албанскиот брег на Јадранското море.

Железњак нагласил дека нема сомнеж деке овој албански предлог, заедно со платформата за формирање на Вооружени сили на Косово, како и претходната изјава на Еди Рама за неопходноста на обединување на Албанија со Косово, претставува составен дел од формирањето на т.н. „Голема Албанија“ која ја контролира Вашингтон.

Потсетувајќи на трагичните лекции од историјата, Железњак нагласил дека воена и политичко-дипломатската поддршка, која денес САД, НАТО и Европската унија денес ја пружаат на т.н. „големоалбански проект“ долж рабовите на европските гранци, има многу заедничко со ситуацијата во Европа во очи на Втората светска војна, кога Велика Британија, водејќи политика за смирување на Нацистичка Германија, практично го поттикна Хитлер во војна.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This