НАТО СОЗДАВА ЕКСТРЕМИЗАМ НА БАЛКАНОТ: Русија не е против членството на земјите во ЕУ, туку против екстремизмот на НАТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потсетувајќи на фактот дека државниот преврат во Украина беше „испровоциран и поддржан од Вашингтон“, Лавров истакна дека Западот од тоа тажно искуство би требало да извлече поука, наместо тоа што сега се обидува и во Балканските земји да наметне лажен избор: Европска унија или Русија

„Бараат од балканските земји да го направат тој избор и настојуваат активно да ги вовлечат во НАТО. Јасно е дека таа политика има малку врска со декларативната цел – заштита на безбедноста на балканските земји на кои никој не им се заканува“, истакна Лавров и додава дека НАТО не е во состојба да одговри на реалната опасност која и се заканува на Европа, а тоа е тероризмот.

„Наместо тоа НАТО го размножува екстремизмот. Претходно тоа го правеше во Ирак, Либија…сега во Сирија, формирајќи непрестано ново и ново тло за продолжеток на нови терористички организации“, истакна Лавров.

Рускиот министер истакна дека Русија никогаш не гледала на Балканот како простор за играње на геополитички игри со нулта збир (еден добива се, а другиот губи се).

Лавров, исто така укажа на тоа дека Америка има намера да го засили своето влијание во Европа и регионот и да ја истисне Русија, посебно кога станува збор за снабдување со енергенси. Рускиот министер потсети на тоа дека е запрен проектот „Јужен тек“ и фактот дека Бугарија во тоа учествуваше под притисок на Западот и додаде дека се надева дека таа лекција ќе биде сфатена и дека истата грешка нема да се повтори со проектите како што се „Турски тек“ и „Северен тек 2“.

„Светот се менува, се појавуваат нови центри на моќ, а се повеќе земји се определуваат за прагматична надворешна политика заснована на сопствени интереси. Европа се соочува со бројни предизвици и не е повеќе центар на светската политика“, нагласи Лавров.

Тој потсетува на иницијативата која претходно ја даде рускиот претседател Владимир Путин за формирање на големо евроазиско партнерство, кое покрај земјите на Евроазиската економска унија и други сродни организации ја опфаќа и Европската унија.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This